Совет за модерните мајки: Што добивте со трката да бидете најдобри? Уживајте во своите деца

0

Откако го родила првото дете и подлегнала на типичните мајчински стресови, австралиската блогерка Констанс Хол совет побарала од нејзиниот татко кој заедно со нејзината мајка пораснале 11 деца, а притоа мајката никогаш не изгледала како да дошол крајот на светот.

Го прашала татко и како е тоа возможно со толку многу обврски. Тој рекол:

„Таа никогаш не се нервираше како вие сега, модерните мајки.“

Совршен совет кој подоцна го објаснил:

„Таа не мораше да оди во банка, секој ден во продавница, таа не знаеше, ниту сакаше да се нервира за сите работи за кои вие се нервирате денес. Неа, и на многу мајки пред неа, не им беше важно нивните деца да достигнат конкретна развојна фаза во одреден временски однапред зададен интервал. Тие едноставно ги гледаа и растеа своите деца, уживајќи во нив и нивното друштво. Уживаа во секој момент кој што го имаа со нив, без разлика дали траел долго или кратко.“

Нели е ова еден од најдобрите совети кои ние модерните мајки некогаш сме го добиле?

Констанс на својот Фејсбук профил напишала како сето ова изгледа денес и зошто мајките застраниле толку:

Многу од нас денес, да бидеме искрени, не уживаат во своите деца како што би требало. Тоа се прави половично и на брзање. И не заради тоа што не сакаме, туку заради тоа што сме под притисок од сè останато, сакаме нашите деца да имаат сè најдобро, а благодарение на таа трка, ги забораваме нив и сами себе.

Констанс е мајка на 4 деца, а јавноста во Австралија ја обожава заради нејзините искрени ставови кон родителството.

„Ние, денешните маји, толку се трудиме да бидеме совршени – сакаме да бидеме супер мајки, да изгледаме совршено, да одиме во теретана, да трчаме во продавница, да плаќаме сметки, да работиме, да чистиме, да готвиме органска храна, се нервираме затоа што немаме време да одиме на фризер да ни ги скријат белите влакна и буквално се плашиме да не ги нахраниме децата со брза храна затоа што ќе ни СУДАТ!

И што добивме со тоа? Со постојаната трка да бидеме најдобри што можеме?

Добивме само нервози, многу поголеми од порано, иако тоа го правиме за нашите деца, нашите партнери на крајот да ни замерат дека немаме време за нив. И во право се, бидејќи во текот на денот само „зуеме“ некаде, правиме некои работи половично, уморни сме навечер и после се чудиме зошто партнерите не нé доживуваат како порано.

И сé е тоа последица на преголемиот труд да бидеме супер мајки и супер жени – наместо навистина да се опуштиме и да почнеме конечно да живееме во моментот – за тие деца кои со толку љубов сме го донеле на свет“.

Вака го завршува таа својот статус на Фејсбук кој наиде на лавина позитивни реакции заради нејзината искреност и вистинитост на зборовите.

 Извор:stil.kurir.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.