Совет за мажите: Како вашиот дом да го направите неодолив за девојките

0

Не, свилената постелнина не е еден од начините.

Еве неколку начини и трикови како да го претворите вашиот ергенски стан во дом што е пријатен и за понежниот пол.

Душекот е најважен

Нема полошо и понеудобно од нерамен кревет. Можете да набавите квалитетен и удобен душек за кревет за малку пари, затоа не го оставајте тоа последно. Така и двајцата ќе може да уживате во времето заедно.

Не штедете на постелнина

Не го уништувајте квалитетниот душек со евтина постелнина – но, ни свилената не е најпрактична. Изберете памучна и комотна постелнина што ќе ја натера да преноќува почесто во вашите прегратки.

Миризливи свеќи

Ако мислите дека миризливите свеќи ќе ве направат помалку мачо, тогаш имате уште многу да учите. Дури и најголемиот џентлмен понекогаш мора да го прикрие мирисот на опремата од теретана. Не постои погрешно време за свеќа чиј мирис ќе направи девојката да се чувствува како да е во некое егзотично место или куќа на планина.

Уметнички слики на ѕидовите

Би помислиле дека не е нешто важно, но жените не сакаат да го поминуваат времето во просторија обложена со постери од Скарфејс и спортски тимови. Затоа, за замена закачете некои модерни уметнички фотографии од познати фотографии или репродукции од познати сликари.

Опремете ја кујната

Секогаш имајте свежи производи во вашиот фрижидер и избор на неколку вина. А препорачливо е да и да знаете нешто и да припремите во кујната.

Доброто кафе е секогаш добредојдено

Инвестирајте во добар кафемат. Не само што ќе ви ја разубави кујната, туку ќе направи вашата сакана да се чувствува како да пие кафе во најдобриот кафе-бар.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот