Совет од Хемингвеј: што мора да прочита секој млад писател

0

Во 1934 година, еден млад човек по име Арнолд Самјуелсон, штотуку дипломиран на Факултетот за новинарство при Универзитетот во Минесота, го прочитал “Еден пат низ,” кус расказ од Ернест Хемингвеј.

Расказот подоцна станал дел од четвртата новела на Хемингвеј „Да имаш и да немаш”.

Самјуелсон толку многу и се воодушевил на приказната, што отпатувал од Минесота до Флорида да го сретне Хемингвеј и да го праша за совет за пишувањето.

Разговорот бил објавен во 1935 година во списанието „Ескуајер“ (Esquire) со наслов “Монолог со маестрото”. Хемингвеј му рекол на младиот писател дека не треба да се споредува себе си само со големите мртви писатели, не со современиците и му дал листа на книги кои мора да ги прочита. 

  1. „Мадам Бовари“ од Густав Флобер

Оваа исклучителна книга раскажува за една од најрелевантните хероини во модерната литература, Ема Бовари. Несреќно омажена за посветен, несмасен провинцијалски доктор, Ема се бунтува против обичноста во нејзиниот живот преку сладострастни соништа на екстаза и љубов. Но, нејзините сензуални и сентиментални копнежи водат кон страдање, корупција и пропаст.

  1. Ана Каренина“ од Лев Толстој

Ова се смета за еден од најдобрите романи на сите времиња. Ана Каренина од Толстој е класична приказна за љубовта и созревањето, против задкулисните игри на високото општество во Москва и во Санкт Петербург.

Богато и комплексно мајсторско дело, романот ја отсликува катастрофалната насока на љубовната афера меѓу Ана, убава мажена жена и грофот Вронски, добростоечки армиски офицер. Толстој тука успеал да го фати животот на десетици карактери и да направи една таписерија на доцниот 19 век која го одзема здивот.

  1. Бремето на човечките страсти’ од Сомерсет Моем

Оригинално објавено во 1915 година, ова дело е потентен израз на моќта на сексуалната опсесија и на копнежот на современиот човек за слобода. Ова класично созревање ја раскажува приказната на Филип Кејри, сензитивно момче родено со криво стапало кое е израснато од религиозна вујна и вујко. Филип копнее за авантура и на 18 години го напушта домот, обидувајќи се како актер во Париз. Кога се враќа во Лондон да студира медицина, тој го среќава андрогениот, но, заводлив Милдред и почнува љубовна врска осудена на пропаст, која ќе го смени текот на неговиот живот.

  1. ‘Црвеното и црното’ од Стендал

Привлечен и амбициозен, Џулиен Сорел е одреден да се издигне над неговото скромно селско потекло и да направи нешто од својот живот, усвојувајќи гокодот на хипокризија според кое живее општествто. Џулиен на крајот извршува криминал кој ќе доведе до неговиот пад. Црвеното и црното е жива, сатирична слика на француската обнова на општеството после Ватерло, преполна со корупција, алчност и апатија.

  1. ‘Војна и мир’ од Лав Толстој

Овој епски роман  ни је раскажува приказната за пет семејства кои се борат да преживеат за време на инвазијата на Наполеон врз Русија. Меѓу многуте незаборавни ликови се принцот Андреј Болконски, горд, грандиозен маж кој презирајќи го лицемерието на високото општество, и се приклучува на армијата во потрага по слава.

Тешко ранет кај Аустерлиц, тој почнува да ја открива празнината на се на кое се посветил самиот. Сцена на неговата смрт се смета за една од нејголемите премини во руската литература.

  1.  ‘Баденброкови’ од Томас Ман

Баденброкови, првпат објавено дело во Германија во 1900 година, кога Ман имал само 25 години, стана класика во модерната литература. Тоа е приказна за 4 генерации богато буржујсјко семејство во северна Германија.

Со вирутозна умешност, Ман отсликува заокружена слика на животот на средната класа: раѓањата и крештевањата; браковите, разводите и смртта; успесите и неуспесите.

  1. ‘Радувај се и проштевај’ од Џорџ Мур

Ова мајсторско дело на Мур дава одличен приказ на минатото и сегашноста во поглед на ирската книжевна преродба и нејзините членови Јејтс, Лејди Грегори, Г.В. Расел, Планкер и Синџ. Ова е огромен труд, која истовремено дава и неверојатен поглед внатре во литературата во тој период, но, и исто така и на социјалниот и религиозниот живот.

  1. ‘Браќа Карамазови’ од Фјодор Достоевски

Кога суровиот земјопоседник Фјодор Карамазов е убиен, животот на неговите синови се менува од корен: Митја, сензуалист, чиј горчлив однос со неговиот татко веднаш го става под сомневање како убиец и Иван, интелектуалев, чии ментални тортури го доведуваат до крах. Духовниот Аљоша, кој се обидува да ги залечи семејните поделби; и сенката-фигура во книгата е нивниот вонбрачен полубрат, Смердјаков.

  1. „Големата соба’ од E.E. Камингс

Ова е автобиографско дело од 1922 година, кога поетот и новелист Камингс бил во затвор во Франција за време на Првата светска војна, каде служел како возач на амбулатно возило. На крајот на август 1917 година, неговиот пријател и колега, Вилијам Слејтер Браун, бил уапсен од француските власти поради анти-воени дејствија. Кога бил на испрашување, Камингс застанал зад својот пријател и исто така бил уапсен.

  1.  ‘Оркански висови’ од Емили Бронте

Локвуд, новиот потстанар на Трашкрос Гранџ, кој се наоѓа во мрачните јоркширски мошуришта, е принуден да бара засолниште една ноќ во домот Оркански висови, кај неговиот станодавец. Тој тука ја открива историјата на бурните настани кои се случиел пред една година.

  1. ‘Многу далеку и многу одамна’ од В. Х. Хадсон

Вилијам Хендру Хадсон е автор, натуралист и орнитолог. Тој бил роден во провинцијата Буенос Аиерс, во Аргентина. Студентските денови ги поминал проучувајќи ја локалната флора и фауна и набљудувајќи ги двете природни драми, на луѓето и на животните, кои се соочуваат на нелегалните граници.

  1. ‘Американецот’ од Хенри Џејмс

Ова дело е тешка комбинација меѓу социјална комедија и мелодрама, што се однесува до авантурите и мачните случки на Кристофер Њуман, во основа добродушен, но бестактен американски бизнисмен, на неговото прво патување во Европа.

Тој бара свет поинаков од едноставната, но, тешка реалност на американскиот бизнис во 19 век. Тој ги открива убавината и грдотијата на Европа и учи ниту една од нив да не ја зема здраво за готово. Јадрото на романот се однесува на додворувањето на Њуман кон младата вдовица од аристократско париско семејство.

Извор: Бизнис Инсајдер

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот