Совет кој ќе ви помогне полесно да се справите со децата

0

Вие сте оние што ги насочувате и воспитувате своите деца како да се однесуваат. Опкружувањето секако дека игра важна улога, но вие сте пресудни како детето ќе ги апсорбира сите надворешни влијанија од останатите.

Не може да очекувате детето да знае зошто ве иритира неговата постапка, трпението мора да го имате вие за пред се да му го пренесите бидејќи тоа го нема. Немојте да ги молите да престанат да бараат нешто додека правите важна работа или пак да им викате и да ја истурате нервозата врз нив, туку обидете се смирено да им  кажете дека може да ве допре на рамото кога сака нешто.

За да му дадете до знаење дека знаете дека нешто му треба, тогаш ставете ја вашата рака врз неговата. На тој начин детето ќе се смири и ќе почека да го завршите разговорот. Децата се ваша слика, вие сте нивните идоли, затоа создадете го своето ново лице водени пред се од трпението кое е клучно за многу останати карактерни особини кои вашето дете ги развива.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот