13 C
Skopje, MK
Saturday, June 23, 2018
Сос за разни тестенини со повеќе видови на семки

Сос за разни тестенини со повеќе видови на семки

0

Сите сакаме тестенини, а тие се одличен оброк кој може да го подготувате на различни начини. Денеска, од Мои рецепти, издвојуваме сос за разни тестенини со повеќе видови на семки.

Состојки

  • 1 Лимон
  • 5 шољи набиени рукола
  • 2 лажици насецкан босилек
  • 2 лажици несецкан лук
  • 2 лажици сончогледови семки
  • 2 лажици семки од тиква
  • 1/3 шоља ореви
  • 1 шоља пармезан
  • 1/2 шоља маслиново масло ( поквалитетно )
  • 100 гр пињоли
  • 1 лажичка сол

2-c17822-800x600__1480344412_46-217-153-142

Начин на подготовка:

Тестенините се варат во посолена вода. Се цедат и се оставаат на страна.

Во мултипрактик, сецко или нутрибулет, ставете ги сите состојки:

( руколата, босилек, ореви, пињоли, зачин, сок од еден лимон, маслиново масло, семки од тиква, семки од сончоглед, лук, пармезан)
Убаво изблендирајте ја смесата. Оваа смеса е за две теглички песто. Кога е готово, ставете три лажици врз тестенините.
Декорирајте со пармезан и пињоли, кои претходно сте ги потпекле да малку заруменат.

Се чува во добро стерилизирани теглички и служи за секаков вид тестенини.

На здравје!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.