Сопствениците на мачки знаат зошто се тие најдобри будилници

0

Се вели дека појадокот е најважниот оброк во денот. Мачките веруваат во тоа, па затоа секој сопственик на мачка добро знае дека кога мачката е гладна-спиење нема.

Бакнеж за добро утро
Мачките имаат различни начини како да ги разбудат своите сопственици. Ако наутро почувствувате како нежно ве допира со лицето, тогаш немојте да мислите дека е тоа бакнеж за добро утро. Тие добро знаат дека подобро е да ве разбудат на нежен начин, отколку да ве удрат со шепата по лице. Мачјиот бакнеж обично е пропратен со гласно предење.

Проблеми со дишење
Сонувате дека се давите и во моментот кога се будите целите испотени, прва работа која ја забележувате е вашата мачка како седи на вашите гради. Да, тоа се случува кога на вашата мачка и се брза и нема време да тактизира околу вашето будење. Седењето на вашите гради ќе биде пропратено и со гласно мјаукање, така да нема шанса да не се разбудите.

Grumpy_Cat__3481823b

Имате чувство дека некој ве посматра
Ништо не личи на добро утро како пар мачји очи кои гледаат во вас. Кога не им се брза, мачките ќе седнат на креветот и ќе гледаат во вас се додека не се пробудите. Мачките се експерти за оваа метода но понегоаш ова знае да биде и застрашувачки, ако се случува во темна просторија.

Чешкање
Мачјите бркови и веѓи се цврсти влакна со кои вашиот љубимец немилосрдно ќе ве “голица“ кога сака да се пробудите. Оваа метода најчесто се комбинира со мокар банеж, удар глава во глава, како и со константно гледање во сопственикот.

grumpy-cat-still-hates-everyone-at-south-by-southwest

Директна метода
Добивте удар со шепа по лице? Очигледно дека не сте се пробудиле на време според мачешките критериуми. Можеби е недела и е неработен ден, но тоа не менува ништо кај мачката. Нејзиниот доручек е секое утро во исто време, без разлика дали е работен или неработен ден.
Некои мачки знаат да бидат нежни и нежно да го допрат со шепата својот сопственик, но ако се навистина гладни тогаш нема нежност. Во тој случај ќе добиете автентичен, мачешки шамар по вашето лице.

И не заборавајте, мачките немаат snooze опција.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот