Шопинг во Anabella со Зоран Шурбевски

0

Зоран Шурбевски е еден од оние луѓе кои подеднакво внимателно се грижат за визуелната убавина на жената, но и за убавината на мажот. А таа убавина, машката, во голема мера се должи на негата.

Со него појдовме во парфимеријата Anabella во Скопје Сити Мол, каде што поразговаравме за неговата работа, но и за неговите ритуали за нега.

Познат како еден од најдобрите мејкап артисти во Македонија, Шурбевски поминува голем дел од својот ден во друштво на жените чијашто убавина треба да ја нагласи или трансформира.

Бидејќи навистина најголемиот дел од времето сум во друштво на клиентите, секогаш сакам да мирисам чисто и свежо. Тоа ми е навистина приоритет и верувам секој од нас би требал да се стреми кон тоа. Во моментов омилен гел за туширање ми е гелот од DSQUARED2. Но од дома никогаш не излегувам без парфем, а фаворит во овој период ми е Gentlemen Only од Givenchy, токму заради таа свежа нишка.

Покрај Givenchy на листата „омилени“ се наоѓа и Burberry, поточно MrBurberry неговите впечатливи мирисни ноти.

Свежината и пријатниот мирис ми се навистина важни како на работа така и за вечерните излегувања“, истакнува тој.

 

Од истата Burberry колекција го користи и маслото за одржување на брадата.

Вистината е дека брадата треба да се одржува. Секојдневно треба да ѝ се посвети и време и енергија. Ако не сте подготвени да поминувате низ дневните ритуали, подобро и не пуштајте брада.“

Но, не е само негата на брадата дел од неговата дневна рутина. Шурбевски истакнува дека негата на машката кожа е подеднакво важна како и негата на женската кожа и дека секој што се грижи за себе треба да одвои време во денот за да стави крема на лицето, гел околу очите, да ја хидрира кожата.

Хидратацијата на кожата е меѓу најважните аспекти на секојдневната грижа за себе.“

За таа цел ја препорачува колекцијата ReNutriv од ЕSTEE LAUDER, секако секому зависно од типот на кожата.

Во мојот салон може да се најде палета од ESTEE LAUDER, MAC, BOBBI BROWN Задоволство е да се работи со Anabella, навистина се на врвот во својата работа“, истакна Шурбевски за крај.

А пред да си замине, од Аnabella го испратија со мал подарок – масло за брадa од Burberry, за да продолжи да се негува во свој стил.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот