Сингл во врска-како да раскинете

0

Често сакаме да пишуваме за љубов, за приказни со среќен крај. Но, да бидеме реални, не сите врски имаат среќен крај и што е уште полошо, не се сите врски среќни.

Токму нив треба да им дадете среќен крај со тоа што ќе ја прекинете врската.

Ова е посебно тешко доколку е сериозна и траела подолго време. Нема едноставен начин да го сторите тоа. Ќе биде тешко и на моменти ќе ви се чини невозможно, но на крај ќе се случи.

Знак број 1

Штом забележите дека веќе ја нема искрата меѓу вас, таа врска е готова. Искрата е таа која ја држи врската, па и бракот возбудлив.

Знак број 2

Се расправате се повеќе и држите лутина се подолго. Нема спас, завршете ја.

 

Знак број 3

Сексот е се поотсутен, а кога го имате е рутински. Не постои интерес за нешто ново, а желба уште помалку.

Знак број 4

Кога излегувате сами ретко што имате да си кажете. Обично си молчите, а во понови време секој си гледа на својот ФБ профил. Досадата расте се повеќе.

Знак број 5

Расправиите немаат крај, а тоа што го чувствувате во монетот ви е ново – не вие гајле и чувствувате рамнодушност.

Вие сте веќе сингл иако сте во врска. Треба да седнете и да разговарате за иднината која многу веројатно дека ја немате повеќе.

Ќе има плачење, ќе има тага и носталгија, но и тоа е дел од животот и огромна лекција која мора да се научи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.