Сонце, песок и плажа- како да го заштитите мобилниот телефон

0

Денеска технологијата напредува со брзина на светлината, а токму ние сме вистински зависници од истата.

Со оглед на тоа што постојано и насекаде го носите вашиот мобилен телефон, дури и на места каде многу лесно може да дојде до оштетување, посочуваме неколку совети како на најдобар начин може да го заштитите за време на летните денови поминати на сонце, песок или вода.

Сепак, не го забораваме фактот дека вашиот инстаграм профил треба да биде постојано активен, а со тоа и телефонот на дофат.

Најлонска кеса за пакување
Најдобрата работа поврзана со овој трик е тоа што сигурно секој од вас поседува по некоја ваква кеса дома, за пакување на сендвичи и слично. Нема потреба да купувате нешто ново и скапо ако планирате постојано да го проверувате вашиот мобилен телефон.
Во најлонската кесичка телефонот ќе биде заштитен од песок и вода, а покрај тоа светлината многу помалку ќе допира до екранот и можноста за оштетување ќе се намали.
Рачен вентилатор
Рачниот венитлатор е одлична опција доколку почувстувате дека батеријата на телефонт е загреана. Елетронските уреди на плажа или покрај базен, изложени директно на сончева светлина, може лесно да постигнат висока температура и без да знаете да се исклучат.
Доколку забалежите дека екранот или пак батеријата се навистина со висока температура, тогаш рачниот вентилатор може да ви помогне за телефонот да се врати во првобитна состојба.
51JnoZZa4eL._SY355_

Бришач за екранот
Без разлика дали ќе се решите за модерна опција или пак само за функционалноста, бришачот за екран на мобилниот телефон помага за заштита од прашина и песок истовремено.
оваваМесто за чување на мобилниот телефон
Без разлика дали сте на плажа или во вода, секогаш носете дополнитлна кутија каде може да го чувате на безбедно вашиот телефон. Ако тоа не е кутија, тогаш нека е сигурно место во чантата.

Одбегнувајте да го оставате телефонот комплетно изложен на сонце, блиску до вода или пак песок доколку не користите никаква заштита и маска за него.
Безбедно место е се што ви е потребно за деновите поминати на плажа.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар