Сонце: Немојте да се занесете поради чувството на сигурност. Сонцето дава виталност и сила

0

Црната депресија од претходната карта ја нема! Се појави сонцето и ги благословува децата што си играат во околината. Тие се симбол на нешто новосоздадено. Нивната појава може да се толкува како враќање во несвесната состојба на раното детство. Покрупното од нив, од нашата лева страна и слабичката фигура од десната, се различни полови, во чиј прилог говори и фактот дека гениталиите им се прекриени со ткаенина. Сепак, ткаенината тука сигурно не се носи заради срамежливост, туку од надоаѓачката свесност за нивната индивидуална природа. Но, заслепувачката светлина од сонцето може да биде опасна за луѓето. Затоа, зраците се прикажани како остри копја кои можат да ја изгорат кожата на разголените дечиња. Ако плодовите не ги заштитиме, сонцето би можело потполно да ни ги исуши.

 

Порака: Немојте да се занесете поради чувството на сигурност. Сонцето дава виталност и сила. Искористете ја таа создателска сила до крај. Оваа карта е посебно поволна ако очекувате дете или се подготвувате за венчавка.

Подготови: Др. Тарот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.