Солено, слатко, луто или… Храната го открива вашиот карактер!

0

Дали знаете дека храната која што најчесто ја консумирате го открива вашиот карактер?

Истражувањето спроведено во Америка, во кое учествувале повеќе од 18 илјади испитаници, врз основа на најчестите одбрани намирници, ги покажува следниве резултати:

Луѓето кои начесто консумираат…

Чоколадо

Желбата за консумација на чоколадо во секој момент, покажува на дефицит на присуство на хормонот на среќа, односно серoтонин.

Нагласената потреба особено во утринсите часови, макар и да станува збор за една коцка, се јавува како последица на ниско ниво на овој хормон. Но, оваа потреба укажува на нешто повеќе…
Личноста која обожава црно чоколадо сака да биде во центарот на вниманието, додека млечно чоколадо бираат интровертните личности, наклонети кон осаменост.

Слатки и колачи


Слатките се најчест избор на хедонистите. Овие личности се наклонети кон остварување на сите нивни желби и апсолутно немаат никаква грижа на совест заради нивните постапки.
Имаат потреба постојано да ја нагласуваат нивната уникатност и оригиналност.

Солено

Оние кои ја послолуваат секоја храна најчесто имаат недостаток на минерали во организмот.

Во психолошка смисла, таквите личности целосно се препуштаат на судбината, односно, веруваат дека не можат да влијаат на сопствениот живот бидејќи нивната судбина е веќе „напишана“.

Луто

Во медицинска смисла покажува наклонетост кон хипертензија.

Психолошки гледано, луто консумираат луѓе кои сакаат да бидат организирани, но и оние на кои им недостасува серотонин. Личностите со дефицит на овој хормон ги поместваат границите и постепено почнуваат да јадат се полута храна.

Слатко и солено

Истовремена желба за солено и слатко е карактеристична за талентираните креативци. Меѓутоа, овие личности најчесто се дискретни, осамени, затворени и воздржани.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.