Сoлени кетеринг тортички

0

Состојки

За првото тесто:

3 јајца
2 лажици масло
1 лажица кисела павлака
1/2 лажица прашок за печиво
1 лажиче црвен пипер
300 гр. обарен спанаќ
половина китка магдонос

За второто тесто:

3 јајца
2 лажици масло
1 лажица кисела павлака
3 лажици брашно
1/2 лажица прашок за печиво
1 лажичка црвен пипер

Салата за фил:

150 гр. урда
150 гр. кисела павлака
100 гр. кајмак
1 варен морков
кисели краставички
100 гр. шунка
100 гр. кашкавал
сол и бибер
2 варени јајца

За декорација:

200 гр. кисела павлака
маслинки и магдонос по желба

Подготовка

Најпрво обарете го спанаќот и сварете ги морковите и јајцата за филот. Со миксер изматете ги јајцата за првото тесто, заедно со маслото, павлаката и прашокот за печиво. Исечкајте ги спанаќот и магдоносот, додајте ги во смесата и добро промешајте. Печете го 10 минути во загреана рерна на 180 степени. Извадете го печеното тесто и оставете го да се олади. Повторете ја постапката со второто тесто, каде што ќе додадете црвен пипер или 1 голема лажица ајвар. Од изладените теста вадете кругови со големина по желба. За подготовка на филот исечкајте ги ситно шунката, кашкавалот, морковот и јајцата. Изматете ги урдата, кајмакот и павлаката, па додајте ги останатите состојки и зачинете по вкус. Филот нанесете го на зеленото тесто, па поклопете со црвеното тесто и израмнете. Горниот дел декорирајте го со павлака, маслинки и магдонос или само премачкајте го тестото со павлаката за да не се суши.

Рецептот е преземен од moirecepti.mk

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот