Социјален бонтон за излегување во ресторан

0

Викенд расположени и опуштени, ви посакуваме убав ден и добра забава. Само на кратко ќе ве посоветуваме да обрнете внимание на нешто што можеби досега не сте внимавале при излегување.

Ќе ви наведеме неколку работи кои не би требало да ги правите кога сте излезени на кафе или пијалок во ресторан.

  1. Не го терајте келнерот да одбере за вас

Многу често, не сте сигурни што би сакале да нарачате, па некако најлесно ви изгледа да го прашате келнерот што би одбрал тој вас. Но…
Тој не ве познава, не го знае вашиот вкус, ниту пак вашите желби. Каков и да е неговиот избор, многу е веројатно дека нема да ви се допадне. Затоа, може да побарате од него да ви даде предлог, откако ќе наброите барем неколку состојки од она што би сакале да го порачате.

  1. Не барајте “измислени“ пијалоци

Доколку вашиот пријател на интерна забава успеал да направи интересен коктел кој многу ви се допаѓа, оставете го тоа искуство за следната домашна забава. Не им кажувајте состојки на коктел-мајсторите од кои би сакале да ви создадат пијалок. Колку и да ги погодите состојките, можеби дозирањето ќе биде погрешно.

3

  1. Не викајте

Можеби присуствувате на вечер со гласна музика. Тоа не е причина да викате. Комуницирајте со тон на кој ќе може да ве разберат само оние околу вас. На крајот, нема потреба сите во ресторанот да ги слушаат вашите разговори.

4. Не оставајте отпадоци

Ви се случило некој од домашните да ја остави гумата за џвакање на чинијата, а баш тој ден вам ви е редот да миете чинии? Немојте ни вие.

5.Доколку сте задоволни од услугата, оставете соодветена напојница

Работата во локалите воопшто не е лесна. Непишано правило е дека напојницата би требало да изнесува некаде околу 20% од износот на сметката.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.