Со вештачка интелигенција против сообраќајни несреќи

0

Нов систем на вештачка интелегенција, развиен од компанијата „Афектива“, ќе ги набљудува возачите за време на патување и ќе презема мерки, ако поради некоја причина тие не можат да ја задржат концентрација зад воланот.

Системот, наречен „Аутомотив ВИ“, разбира кога внимавате, a кога не и така потенцијално може да спаси многу човечки животи од инциденти кои вклучуваат уморни и дефокусирани возачи.

Според „Афектива“, ова е првиот систем вграден директно во автомобилот. „Аутомотив ВИ“ може да препознае различни емоции и изрази од базата на податоци од над 6 милиони човечки ликови.

На пример, ако спиете за време на возењето, системот ќе препознае. Ако го погледнете екранот на паметниот телефон – исто така. Она што следи е акустичен сигнал, кој го потсетува возачот дека ја губи концентрацијата.

„Аутомотив ВИ“ може дури и да ги проучи патниците за дополнителни алармни сигнали.

Вештачката интелигенција ќе биде достапна за производителите на стандардни автомобили, како систем за откривање и алармирање.

Пронајдокот на „Афектива“ всушност има потенцијал да ја промени барем малку тажната статистика, според која над еден милион луѓе годишно умираат во сообраќајни несреќи.

Извор: mia.mk

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот