Со вкусно какао против анемија

0

Рецептот кој го предлагаме денес е доказ дека лековите може да бидат и вкусни.

Овојпат, ќе се посветиме на анемијата. Во светот, околу две милијарди луѓе се соочуваат со проблем со анемија, односно намален хемоглобин или недостаток на железо. Најчесто со овој проблем се соочуваат жените и децата.

Покрај лековите кои денешната медицина ни ги нуди, со начинот на исхрана може значително да се подобри крвната слика. Многумина знаат дека при анемија, продукти кои би требало да се конзумираат редовно се: цвекло, спанаќ, леќа, аронија и семе од коприва. За оние кои не знаеле, какаото е исто така одлично во борбата против анемијата.

Го препорачуваме следниот рецепт:

Состојки:

-250 грама какао

– 250 грама кафеав шекер

-250 грама мед

-250 грама путер

-2 лажички морска сол

-7 лажички јаболков оцет

 

Изматете ги сите состојки, сипете во стаклена тегла и земајте по една лажичка три пати во текот на денот.

За многу кратко време, направете анализа на крвта и уверете се во делотворноста на овој лек.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.