Со што сакаат да си „играат“ милијардерите

0

Автомобилот Bugatti Chirone го претставува врвот во автомобилската индустрија. Исто како и неговиот претходник-Вејронот, и овој модел на Бугати ги подигнува стандардите на автомобилскиот инженеринг.
Но да почнеме со она што ги интересира сите вљубеници во супер-автомобилите-карактеристиките и перформансите на овој модел.

Овој автомобил чини 2.5 милиони долари, има 1.500 коњски сили, што е 25% повеќе од неговиот претходник. Може да забрза од 0 до 100 километри на час за само 2.5 секунди, ќе биде произведен во ексклузивна серија од 500 примероци, од кои третина се веќе распродадени.

bugati 2

Под предниот поклопец се крие прав дијамант изработен од механичарите во Бугати. Се работи за w16 мотор со зафатнина од 8 литри, со 4 големи турбо полначи, кои во секој момент низ моторот пренесуваат 60.000 литри воздух. Обртниот момент е застрашувачки-1.598 њутн метри, кои во секој момент се пренесуваат на сите четири тркала. Тука е и седмостепениот менувач, кој како што велат од компанијата, има квачило со највисоки перформанси кое е некогаш инсталирано во некој патнички автомобил.

Има прилагодлива шасија која му овозможува да биде екстремно стабилен низ свиоците. Овој супер-автомобил можете да го возите во еден од 5-те програми на возење: Lift, Auto, Autobahn, Handling и Top Speed. Максималната брзина ја достигнува во Top Speed режимот на возење, кој се активира со посебен клуч, а изнесува 402 километри на час. Гумите се специјално развиени за овој модел од страна на Мишелин, и се дизајнирани така да ги издржат сите екстремни услови на движење.

bugati 4

Ентериерот на овој модел е приказна сама за себе. Цел во кожа, со три дисплеи, кои ги пренесуваат информациите по ваш избор. Но како возите побрзо, толку помалку информации се појавуваат на дисплејот. Звучниците на овој автомобил имаат мембрана направена од дијаманти, за супериорна дистрибуција на звукот. Иако повеќето луѓе кои ќе го купат овој автомобил ќе уживаат пред се во музиката која ја свири моќниот w16 под предниот поклопец. Кочниците имаат титаниумски клешти а новитет е и првиот еген воздушен јастук.

bugati 3

До сега не постоел патнички автомобил од ваков ранг. Ако имате 2.5 милиони долари на страна, можете да пробате да аплицирате за ова чудовиште, кое со гаранција нема никого да остави рамнодушен.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот