Со ревијата на Ирина Тошева заврши 14. Моден викенд Скопје

0

По три дена и дванаесет модни ревии во „Скопје Мериот хотел“, есенското издание на Моден викенд Скопје го затворија креаците на дизајнерката Ирина Тошева.

Последната модна вечер започна со групната ревија на курсистите по моден дизајн од Центарот „Кариера Плус“: Радица Лазова, Оливер Атанасов, Ева Заева, Асмира Абази и Ивана Арсовска. „Балансот во нештата е главната инспирација за колекцијата реализирана под менторство на Ирина Тошева. Симетрија и асиметрија, совршено и несовршено, ред и хаос, шаренила и монохроматско, добро и лошо, топло и ладно… 15 приказни од 5 млади дизајнери“, велат од „Кариера Плус“ кој е специјализиран центар за креативни и практични курсеви од областа на модата и убавината.

db2c2798__1478077091_46-217-153-232 db2c2765 db2c2481 db2c2442

Марија Трајанова која работи под брендот „Марсин“ дебитираше со колекцијата „Million voices“. „Секогаш кога создавам нова креација го користам тој внатрешен глас кој често се менува и мене ми звучи како милион различни гласови од кои настана и оваа колекција“, вели Трајанова.

db2c3347 db2c2842 db2c2943 db2c3315

Креациите на Евгенија Зафировска наречени „Black Feedback“ беа презентирани со моден перформанс. „Инспирирана од флората и заштитата на животната средина, како прв чекор во обидот да променам нешто, направив колекција во која акцентот е на рециклиран материјал. Хортикултурата изобилува со живописни бои и форми кои ми послужија како инспирација поливинилот да го вметнам на различни начини“, вели Зафировска.

db2c3682 db2c3644 db2c3589 db2c3444

Дизајнерката Ирина Тошева чијашто десетта јубилејна ревија на Моден викенд Скопје ја поддржа „Avicena“ за својата колекција вели: „Еден нејзин пердув може да осветли и спаси цел град. Таа е благослов, но може да донесе и несреќа на оној кој ќе ја фати. Жар-птицата живее во приказните од словенскиот фолклор, а нејзината потрага е пресликана во новите креации“.

db2c4108 db2c3921 db2c3873

Следното издание на Моден викенд ќе биде за сезоната пролет-лето 2017.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.