Со „Потекло“ на Ден Браун се oтвора Традиционалниот ноемвриски саем на Култура

0

Издавачката куќа Култура го слави својот 72 роденден, а како и секоја година во нивниот роденденски месец читателите имаат можност да купат книги по супер цени, а воедно да бидат дел од интересни промоции и гостувања на автори.

Светскиот хит „Потекло“ на Ден Браун го означува почетокот на саемот во вторник, на 14.11.2017. Делото кое се очекува со години, на најпродаваниот и најпопуларен автор во светот ексклузивно ќе може да се најде само во книжарницата Култура.

Најновиот роман на Ден Браун „Потекло“ („ORIGIN“) ја доживеа својата светска премиера на 3 октомври оваа година, а набрзо фановите на авантурите на Браун, делото ќе може да го прочитаат и со македонски превод од 14 ноември.

Од мајсторската рака на Браун  читателите ќе можат да доживеат нова авантура во светот на кодираните пораки. Овој пат една кодираната порака ќе ги одговори двете фундаментални прашања на човековото постоење – Од каде доаѓаме? Каде одиме?
Едно од ретките четива кое на крајот ќе отвори многу прашања одговорајќи ги истите, а каква е приказната?

Роберт Лангдон, професор по симбологија и религиска иконологија на „Харвард“ пристигнува во ултрамодерниот музеј „Гугенхајм“ во Билбао за да присуствува на едно многу важно соопштение – објавувањето на едно откритие кое „засекогаш ќе ја промени науката“. Домаќин на вечерта е Едмонд Кирш, четириесетгодишен милијардер и футурист чии зашеметувачки, високотехнолошки пронајдоци и смели предвидувања го направиле светски почитувана личност. Кирш, кој пред две децении бил еден од првите студенти на Лангдон на „Харвард“, само што не објавил едно неверојатно откритие…Но, детално испланираната вечер одеднаш се претвора во хаос, а на скапоценото откритие на Кирш му се заканува опасност да биде загубено засекогаш.

Традиционалниот ноемвриски саем ќе трае до 25 ноември, ќе следат многу изненадувања, големи попусти и подароци, но и гостувања од македонски автори. За да бидете во тек со сите настани, следете го нивниот официјален настан на фејсбук.

Бидете секогаш #ВоСветотНаКнигите

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот