Со најквалитетните производи за најдобра нега во салонот за нега и убавина „Полена“

0

Скалпел – неинвазивен лифтинг и регенеративен третман против брчки со екстракт од „Змејова крв“!

Во салонот за нега и убавина „Полена“ во Скопје, секогаш може да го очекувате само најдоброто. Внимателно одбраната козметика како и грижа кон клиентите е заштитниот знак на овој салон кој се наоѓа во самиот центар на градот.

Секогаш спремни за новитети, посветени и ориентирани кон здравјето и негата на кожата „Полена“ овојпат ја надополнија својата врвна колекција на производи со нов производ од линијата на Farmona – Скалпел, масажен третман за лице со екстракт од „Змејова крв“.

Производот претставува екслкузивен лифтинг,  регенеративен и неинванзивен третман против брчки за сите типови на кожа со уникатна формула.

Наменет е за:

  • Зрела и многу зрела кожа (над 50 години)
  • Кожа со намалена цврстина од различни причини, како нагло слабеење
  • Кожа на која и треба регенерација
  • Сува кожа која се лупи
  • Уморна кожа
  • Помлада кожа пред важни настани

Ефекти од третманот:

  • Регенерирана, освежена, измазнета кожа, со намалени брчки
  • Навлажнета кожа со подобрена еластичност
  • Обновена хидролипидната бариера на кожата
  • Овозможена заштита од слободните радикали

Она што го карактеризира овој производ е екстрактот од дрвото „Змејова крв“ (латинско име Croton Lechleri), многу ретко дрво кое го има по течението на реката Амазон. Содржи многу лековита црвена смола по која и го добило името „Змејова крв“. Неговите извонредни својства се познати со илјадници години и оваа смола се користела во традиционалната медицина за лечење на рани .Содржи таспин, алкалоид со регенеративно дејство. Има антиинфламатори, антивирусни, антифунгални, антиоксидантни, антихеморагични, аналгетски, дури и антиканцерогени својства.

Во дермотологијата и козметологијата се користи заради богатството на полифеноли, заради што е одличен антиоксидант кој го забавува процесот на старење на кожата. Ги стимулира фибробластите да произведуваат колаген и еластин и брзо ја регенерира кожата.

  • HPCSys (High Protection Cell System) – Комбинација од активни состојки во висока концентрација. Ја зајакнува структурата на кожата, ја подобрува еластичноста на видовите на крвните садови и ги забрзува регенеративните процеси.
  • Pronalen Flash Tense Plus комбинација на пептиди и аминокиселини од печени зрна, дава долготраен лифтинг ефект и ги подобрува контурите на лицето.
  • Ceramidi – Ja обновуваат хидролипидната бариера на кожата, спречуваат дехидрација и сушење на епидермисот.
  • Коензим Q10 – Го стимулира растот и регенерцијата на клетките, ги снабдува со енергија, ја штити кожата од слободните радикали.
  • Aрганово масло – Добиено од семето на аргановите дрва од Африка (југозапад на Мароко), ова масло има непроцелива козметичка вредност благодарение на неговото подмладувачко својство содржи голем процент на витамин Е и се смета за еликсир на младешкиот изглед. Има силно регенеративно дејство и ја штити кожата од опасното влијание на сонцето и ги намалува алергиските реакции. Богато е со амино киселини.
  • Хијалуронска киселина– длабински ја навлажнува кожата и ги пополнува брчките и нерамнините.
  • Бадемово масло – содржи и олеинска киселина, линолеинска киселина и витамини А, B1, B2, B6, D и Е. Одговара на сите типови на кожа и е особено препорачливо за чувствителна, сува и многу сува кожа. Ја штити кожата од стареење и помага при егзема и псоријаза. Ја навлажнува, освежува и смирува кожата и исто така ја зацврстува, притоа не предизвикувајќи алергиски реакции.
  • Витамин Е– антиоксидант кој ја штити кожата од слободните радикали.

Зачестеност на третманот: 4-6 третмани (еден третман недело), а потоа еден третман месечно.

Времетраење на третманот: 60 минути

Со Скалпел третманот од „Змејова крв“ во салонот за нега и убавина „Полена“ вратете го здравјето и убавината на вашата кожа.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.