Смути со манго, киви, праска и спанаќ за убав ден

0

За добар почеток на оваа недела го препорачуваме Топ Шоп рецептот- смути со манго, киви, праска и спанаќ. Вкусно уживање за подабар имунитет!

Потребни состојки:

1/2 шолја/и Сок од портокал
2 грст млад спанаќ
1 Манго
1 Киви
1 Банана
1 Праска
1 шолја/и мраз

Сок од портокал
Портокалите се најпознати по нивната богата содржина на витамин Ц. Се работи за овошје кое е слатко и сочно и содржи многу фото-нутриенти. Секогаш лупете ги пред да ги додадете во смути.

Манго
Мангото содржи високи количини на хранливи влакна, витамин Ц, разни поолифеноли и провитамин А каротеноид кои прават чуда за имуниот систем. Најдобриот начин за да го подготвите мангото за смути е да го измиете, да ја извадите семката и да го излупите.

Банана
Бананите се лесни и содржат калиум, влакна, манган и витамин Ц, што ги прави одлични за децата. Тие ви помагаат полесно да заспиете, да го зајакнете имунитетот како и да го задржите калциумот во телото.

Праска
Праската е сочно овошје која е богата со витамин Ц, бета-каротен и антиоксиданси. За да ги подготвите праските за смути, измијте ги убаво, исечете ги на половина и отстранете ја семката. Нема потреба да ги лупите, особено ако користите органски праски.

Рецептот е преземет од moirecepti.mk

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.