Смрт: Оваа карта ја нагласува потребата да се ослободиме од сѐ!

0

На картата со број 13 е претставен скелет кој дејствува со црвена коса. Под неговите стапала лежат парчиња од телата на две човечки суштества. Тука може да се забележи одвојувањето од претходниот живот и од личноста. Неговите претходни идеи (претставени со главите), ставовите (стапалата) и активностите (дланките) лежат бескорисни расфрлани по земјата. На оваа карта идејата за обнова е мошне јасно претставена преку младите тревки и зелените растенија на тлото. Но, помеѓу старото и новото има период на мрачно тагување. Скелетот претставува архетипски Homo Sapiens. Тој е наша најинтимна тајна. Богатство закопано под нашите мускули. Можеме да ги допреме ноктите, можата, косата, но не можеме да ги допреме нашите коски. Тие се нашето најскриено – јас. На оваа карта првпат не може да се определи дали централната фигура е машки или женски пол. Во оригиналниот француски шпил оваа карта нема има, додека во современиот англиски Тарот, зборчето – смрт е напишано мошне внимателно на самиот раб на картата, како да е прошепотен.

Порака: Оваа карта ја нагласува потребата да се ослободиме од сѐ! Не говори за физичка смрт туку за смрт на еден период од животот. Прифатете ја потребата за промени и не се обидувајте да ѝ го препречите текот.

 

Подготови: Др. Тарот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.