Смешни митови за сексот

0

Меѓу луѓето секогаш ќе постојат одредени верувања за различни животни области. Денеска, ние ви презентираме смешни митови за сексот во кои голем дел од луѓето се уште веруваат.

Мит бр. 1 – Ако мажот може без проблем да ги прекрсти нозете додека седи, сигурно има мал пенис

Верувале или не, некои жени сметаат дека мажите кои без проблем, во еден потег, можат да ги прекрстат нозете додека седат имаат проблем со „должината“….Да имаат голем пенис, сигурно би им било тешко да ги прекрстат нозете или тоа би го правеле со „тешко срце“ оти не би имале пријатно чувство. Со самото тоа, жените кои го поддржуваат овој мит, го резервираат своето право на ваков тип на седење, а ако видат потенцијална „мета“ како седи со прекрстени нозе „на женски начин“, веднаш ги отпишуваат овие мажи. Понекогаш не се исплатува од старт да се исклучите од ловот, зарем не? Затоа мажи, следниот пат кога седите во близина на нови дами во друштвото, внимавајте како ги држите своите нозе….

Мит бр. 2. – Колку повеќе жената има секс, толку нејзиниот задник станува поголем

Овој пресмешен мит го обвинува прекумерното уживање во сексот за обдареноста на женската задница. Според оваа хипотеза, воопшто не влијаат генетиката, количеството и видот на храна или грицките кои жената ги јаде или пак недостатокот на физичка активност. Нејзиниот задник имено е голем заради тоа што таа има многу секс….неверојатно нели !?

Мит бр. 3. – Поголема дланка, поголем пенис

Обрнувате ли внимание на големината на дланката на мажот кога се ракувате со него? Ви заигрува ли насмевка на лицето кога ќе видите колкава „шепа“ има или кога носи број 45? Ова е уште еден во низата митови за пропорционалноста на одредени делови на телото кои немаат никаков анатомски доказ ниту пак се вистина.

Мит бр. 4. – Влакнестите мажи се вистински ѕверови во креветот

Количеството на влакна кои мажот ги има на градите, грбот или рацете нема никаква врска со неговите љубовнички способности ниту може да го карактеризира како ѕвер во креветот. Можно е влакнестите мажи да ги потсетуваат некои жени на изворна, исконска машкост и тоа и дава значење на привлечноста на мажот, токму како и фактот дека тие овие мажи имаат повеќе хормон тестостерон. Благодарејќи му на овој хормон, мажот има поголем полов потенцијал, во просек е помускулест, подобро граден и во подобра форма.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар