Случајно создадени пијалоци и оброци

0

Дали некогаш додека консумирате одредена храна или пијалак сте разлислувале за тоа од каде таа доаѓа, кој ја направил, зошто баш таа комбинација на состојки е одбрана? И дали воопшто сте помислиле дека одредени специјалитети и пијалоци кои речиси секојдневно ги консумираме како што се сендвичот и кока-колата биле направени сосема непланирано?

Кока Кола

Најпознатиот безалкохолен пијалок, всушност започнал како лек за главоболка во форма на прашок. Измислен е од д-р Џон Пембертон Стит во 1885 година. Тогаш се сметало дека кока- кола е средство за справување со болести како главоболки, импотенција и зависност од морфиум. Прашокот се растворал во вода. Но, подоцна луѓето почнале да го растворуваат прашокот во газирана вода и така започнува приказната за најпродаваниот пијалак на светот. Непланирано!

Сузет палачинки ( Crepes Suzette )

196895dc-177c-4b92-b07d-63784cbb6ae6

Ова е уште еден специјалитет чие потекло е отворено прашање. Како што се раскажува, во 1895 година, во Café de Paris во Монте Карло, 14 годишен келнер му служел на принцот од Велс и не сакајќи ги уништил шеќерот и путерот кои го сочинувале сосот со кој се подготвувале палачинките на специјалниот гостин. Сепак, на принцот му се допаднала новата верзија на палачинки, па ги нарекол Suzette, во чест на неговиот придружник на вечерата.

Шампањ

eb9a911f-1b2c-449a-a8c0-c826eb0cf759

Долго пред да се создаде познатото Dom Perignon бил пронајдено шампањ. Познато е дека британскиот лекар Кристофер Мерет во 1660 година, го презентирал додавањето на шеќер во виното, па со флаширање и ферментација стигнал до шампањот.

Корнет за сладолед

77f0ea72-2fa6-4ea0-b94c-b85d047a7cf7

Оваа идеја била зачната на Светскиот трговски саем во 1904 во Сент Луис. Таму, Abe Doumar одлучил некои од вафли таблите да ги омекне со шербет и да ги свитка во конусна форма, па така да ги продава за да привлече повеќе купувачи. Подоцна, оваа форма се употребува за сладолед и е екстремно популарна.

Јогурт

a198b08d-3b0f-4575-9c78-a319255b1c38

Создавањето на јогуртот е малку мисториозно, бидејќи е резултат на човечка грешка. При транспорт на млеко, дошло до комбинација на млеко и бактерии, која предизвикала потквасено млеко, чиј процес создава јогурт.

Сендвич

115a4e72-fb6d-403e-8c05-55aad7776385

Иако се смета неверојатно, сендвичот бил создаден од Грофот Џон Монтагу. Тој, додека играл карти, побарал од својот слуга да му донесе месо помеѓу две парчиња леб. Се со цел да не ја напушта играта за вечера, грофот несвесно го создал сендвичот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.