Сликарот на Богородици – Рафаело Санти

0

Сите имаме слушнато за Рафаело Санти, уметник и архитект од Фиренската школа. Ве носиме на едно патување низ историјата, во ренесансна Италија за да ги доловиме најинтересните животни моменти на Рафаело Санти.

Уште како млад тој бил прочуен како „сликарот на Богородици“. Рафаело е роден во Урбино, во 1482 година. Тој е син на сликарот и поет Џовани Санти. Кога Рафаело направил 12 години, татко му го однесол во Перуџа. Тука, Рафаел станува најголем ученик на својот татко. Тој му помага на својот учител за делото “Предавање на клучевете на Апостол Петар“.

santi 2

Во 1503 година Рафаело заминува во Фиренца, каде се запознава со делата и творбите на Леонардо да Винчи, Микеланџело и Донатело. Под влијание на нивното искуство, неговиот стил се променува, а со тоа и неговите познавања се зголемуваат. Во Фиренца, Рафаело се прославува со своите дела со религиозни мотиви и се посветува целосно на нив. Во 1504 година Рафаело ја направил и првата своја значајна творба, „Обучение Богородично“, во која се насочува кон нови идеи и композициски решенија. Истата година тој ја изработува и „Богородица на големиот војвода”, која се одликува со посебни убавини и квалитети, за разлика од подоцнежните меки и миловидни дела. Други негови творби од тој период се „Млада жена со еднорог“(1505), портрет на Анџело и Магдалена Дони (1505), „Внесување во гробот“ и „Оплакувањето на Христос“(1507). Во 1509 година Рафаело добил порачка од папата Јулиј II, да ги проектира и наслика трите од Ватиканските станци – Станца дела Сигнатура, Станца ди Елеодоро и Станца Залија. Рафаело Санти врвот во својата кариера го достигнува со сликањето на „Мадона“ во 1513 година.

Рафаело Санти починал на својот 37-ми роденден во Рим. Погребан е во Пантеона. Едни историчари сметаат дека причина за неговата смрт е треска или погрешни лекови, додека други тврдат дека смртта настанала од употреба на жива која Санти ја користел како стимуланс а, која се состои од многу штетни материи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот