Следната недела почнува Саемот на книга

0

Над 70 издавачки куќи ќе учествуваат на 28. Саем на книгата кој ќе се одржува во “Метрополис арена” од 12-ти до 18 април. Свеченото отворање е во понеделник во 19 часот, а за посетителите ќе биде наредниот ден.

Оваа година се очекуваат околу 40.000 посетители на Саемот на книга . Ќе биде понудена литература од домашни и од странски автори, белетристика, научни изданија, книги за деца, учебници. Издавачите ќе организираат и промоции и средби со автори на своите штандови, но и во Промотивниот центар во Метрополис арена во кој за седумте саемски дена се планирани над 30 промоции.

Од 14-ти до 16 април во третата хала на Скопски саем ќе се одржуваат 19. Денови на образование и кариера, а во истиот период во втората хала – шестиот Меѓународен саем за туризам „Скопје травел маркет“. Двете саемски манифестации официјално ќе бидат отворени на 14 април во 11 часот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот