Славните музички татковци со нивните деца

0

Велат дека крушата под круша паѓа. Голема вистина бидејчи секогаш се однесува на семејни наследства на карактеристики и таленти. Ние решивме да ве потсетиме на едни од најголемите музичари во историјата чии деца го следат нивниот пат.

Вил Смит и Вилоу Смит

вил смит

Можеби не се сеќавате, но пред неговата успешна актерска кариера, Вил Смит бил пејач, а неговата најпозната трака (покрај “Gettin Jiggy with it”) )засекогаш ќе остане “Fresh Prince Of Bel Air”. Сите кои растеле во 90-тите ќе се сетат на песната, но и на истоимената серија. Неговата ќерка по се изгледа дека ја сфаќа музиката многу посериозно од татка си, бидејќи таа веќе објави сингл која во САД стана мега популарен, а има само 15 години.

Боб Марли со синовите Стивен, Зиги и Демиан Марли

bob_marley_sons

Реге легендата Боб Марли имал многу деца, а три од нив го продолжиле музичкиот пат. Стивен Марли е шесткратен добитник на Греми награди, Зиги е неговиот најстар син и досега има издадено 5 соло албуми, а доби и Греми награда во 2015 за најдобар реге албум – Fly Rasta. Најмладиот син е Демиан, кој исто така е светки признаен музичар, досега има добиено две Греми статуетки. Познати се неговите соработки Скрилекс, Нас и Мик Џегер.

Френк Синатра и Ненси Синатра

frank_sinatra_nancy

Иако во 2005 година Џесика Симпсон имаше неуспешен обид да ја испее track ‘These Boots Are Made for Walkin’, сепак оригиналната изведена на Ненси Синатра остана ненадмината. Таа ја испеа во 1966 година. Иако Ненси никогаш не го достигна нивото на популарност како нејзиниот татко, сепак таа имала одлична кариера.

Рави Шанкар и Нора Џонс

honor_thy_father_sisters_norah_jones_and_anoushka_shankar_play_tribute_on_traces_of_you

Нема која не слушнал за Нора Џонс, деветкратен добитник на Греми награди и останати музички признанија. Малкумина знаат дека нејзиниот татко е Рави Шанкар, познат индиски музичар.

Хулио Иглесијас и Енрике Иглесијас

iglesias

Пред Енрике да добие светска слава, на негово место беше татко му, Хулио кој многу жени и ден денес го обожаваат. Тој има издадено 20 албуми и е еден од најдобро продаваните артисти на сите времиња,

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.