Славни личности кои ја победија болеста

0

Ги гледаме на црвениот тепих, на филмското платно и на тв екраните, но често забораваме дека и тие се обични луѓе, како сите нас. И тие страдаат и не се поштедени од трагедии и болести, како што е ракот. Но, славните на нашата листа се вистинска инспирација за луѓето низ целиот свет. Тие влегоа во борба против ракот и излегоа како победници!

Sharon Osbourne
sharon

Таа е најпозната како сопругата на Ozzy Osbourne и како мајката во нивното реално шоу The Osbournes. Исто така, публиката ја знае и како еден од судиите на талент-шоуто The X Factor и America’s Got Talent. Кога таа беше дијагностицирана со рак на дебелото црево таа инсистираше да продолжи снимањето на реалното шоу за да се документира нејзината борба. По некое време  Sharon дозна дека болеста е многу посериозна, односно дека е проширена на лимфните жлезди. Но, таа не се откажа и прими успешна терапија и операција која го отстрани ракот комплетно.
Борбата со болеста многу трауматично се одрази на целото нејзино семејство. Нејзиниот син, кој западнал во тешка депресија поради состојбата на мајка му, пробал да се самоубие.
Откако Sheron беше сосема излечена,  ја основаше фондацијата Sharon Osbourne Colon Cancer Program. Фондацијата собира финансиски средства од донации за истражување на ракот на дебелото црево, а истовремено донира пари и за инстражување на ракот на дојка.

Robert De Niro

11670_content_robert-deniro-aspen-peak-1-1

Robert De Niro важи за еден од најдобрите американски актери на сите времиња. Има снимено над 90 филмови, меѓу кои култниот „Кум 2“ и „Добри Момци“, а е добитник и на два Оскари.
Но, ретко кој знае дека во 2003 година тој бил дијагностициран со рак на простатата на 60-годишна возраст. Суровата болест е позната по многуте фатални случаи, но благодарение на редовните контроли, докторите успеале навреме да ја откријат болеста и целосно да го излечат. Иако многу малку се знаеше во јавноста за состојбата на актерот, тој, по успешна операција, сосема закрепнал и по неколку месеци се вратил на филмските локации како ништо да не било. Оттогаш, тој има снимено околy 30-тина филмови и никогаш не изгледал поздраво.

Cynthia Nixon

Cynthia-Nixon

Таа е најпозната по улогата на Миранда во тв серијата „Сексот и Градот“, но таа е многу зафатена актерка која е во филмскиот бизнис над 30 години. Таа е навикната на камерите и публицитетот. Но, кога Cynthia била дијагностицирана со рак на дојката во 2006 година, таа решила тоа да го чува во тајност. Дури две години подоцна таа признала дека имала операција и терапија со радијација. Таа дури ја закажала операцијата во недела за да не пропушти ден од работа и за да ги избегне папараците кои се константно околу неа.
Ракот на дојка не е нешто непознато за Cynthia. Нејзината мајка го има преживеано истиот тип на рак, по што таа била уште порешена да го победи и самата. Таа сега е активист и ги охрабрува и поддржува жените кои поминуваат низ истото да се борат и преживеат.

Rod Stewart

stewart-rod1

Rod Stewart е светски позната рок ѕвезда и еден од најдобро продаваните музичари на сите времиња. Рапавиот глас е неговиот печат, но баш тоа беше нападнато кога ракот се најде во неговото тело. Пејачот беше дијагностициран со рак на тироидната жлезда во 2001 година и веднаш беше опериран. Интервенцијата помина успешно и тој сосема закрепна, но неговите грижи не беа завршени. За да биде успешна операцијата, хирурзите морале да сечат преку неговите мускули на грлото. Ова значеше дека тој ќе го изгуби гласот на 6 месеци, а неговиот пејачки глас – можеби засекогаш. Месеци поминале, но неговиот глас не се вратил. Конечно, по 9 месеци го повратил гласот, не толку силен како претходно, ама сепак можел повторно да запее. Оттогаш, Stewart ги помага фондациите кои се борат за сите типови на рак.

Kylie Minogue

kylie-minogue

Таа сигурно е една од најголемите австралиски богатства. Оваа популарна пејачка е во шоу-бизнисот уште од 11-годишна возраст. Но, на нејзини 36 години, таа беше дијагностицирана со рак на дојка. Тоа беше периодот кога таа се наоѓаше на врвот од својата кариера и лошата вест ја добива на сред светската турнеја. Оваа вест брзо се рашири и по медиумите и папараците. Дури и премиерот на Австралија го искритикува и предупреди тоа недолично однесување на пејачката, велејќи дека тоа нема да се толерира. Kylie си ја задржа главата горе и замина на операција неколку дена по дијагнозата. По интервенцијата, таа започнала хемотерапија која ја опиша како „нуклеарна бомба на нејзиното тело“. Таа преживеа и сега е повторно активна на музичката сцена.

Lance Armstrong

lance-armstrong-6_2318734b

Тој е поранешен американски професионален велосипедист и можеби и еден од надјбрите во светот, покрај контраверзиите за користење допинг и стероиди. Тој седум пати победи на Tour de France трките. Но, во 1996 година,на само 25 години доби шокантна вест – рак на тестиси во трет стадиум. Неговата болест веќе многу напреднала и се раширила во неговиот стомак, бели дробови и мозок. Речиси немале надеж за негово закрепнување, со прогнози од 20-50% шанси за преживување.
Тој по операцијата, започна агресивна хемотерапија и во текот на целиот процес, воопшто не изгуби надеж и верба дека повторно ќе се најде на велосипедските патеки. По повеќекратните хируршки интервенции и хемотерапии, тој целосно беше излечен и ја основа фондацијата Livestrong Foundation за поддршка на останатите кои се борат со болеста.

Angelina Jolie

angelina_jolie_1ace3d9-1ace3de

Angelina Jolie се смета за една од најславните жени на планетава, делумно по нејзината актерска кариера, а многу повеќе по нејзината хуманитарна активност и дарежливост, како и по беспрекорната убавина. Така што нејзината борба со потенцијалниот рак доби голем публицитет. Но, нејзината приказна е поинаква од претходните. Во 2013 година, таа дознава дека генетските шанси да заболи од рак на дојката достигнуваат дури 87%. Тогаш таа се решава за двојна масектомија бидејќи и нејзината мајка и баба се жртви на ракот на јајници, како и нејзината тетка, која почина од рак на дојка неколку недели по операцијата на Jolie.
Како ова да не беше доволно, таа минатата година дознава дека покажува знаци на рак на јајници, па повторно заминува на операција, овојпат за отстранување на јајниците. За жал, оваа интервенција ја доведе до прерана менопауза.
Приказната на Jolie испирира многу жени да се тестираат за предиспозиции за рак и спаси безброј животи. Таа исто така изјави дека оваа мудра одлука воопшто не направила да се чувствува како помалку вистинска жена.