Славе Ѓорѓо Димоски на поетски фестивал во Софија

0
?????

Македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски од петок до недела ќе биде дел од учесниците на меѓународниот фестивал „Поетики“ во Софија, Бугарија.

Фестивалот е комбинација на современата поезија, проза, музика, визуелни и изведувачки уметности, на начин кој е достапен за широката публика. Фокус на фестивалот ПОЕТИКИ е поезијата, уметност која создава врски меѓу сите други уметности.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот