Слабеење на кинески начин – кои се навиките на вечно слабите луѓе од Азија

0

Проблемот со прекумерната тежина не е само во тоа дека луѓето се прејадуваат, туку и во фактот дека храната која се јаде, внесува на несоодветен начин.

Не постои една диета која е ефикасна за сите и за сечиј животен стил. Според кинеската медицина, редуцирањето на внесот на калории само по себе, долгорочно нема да донесе позитивни резултати, само ќе ја влоши состојбата на веќе исцрпениот организам.

Древната медицина вели дека вишокот килограми претставува само симптом на внатрешните енергетско- здравствени проблеми, кои ја предизвикуваат состојбата на прејадување и поголема тежина.

За да се реши проблемот, треба да се бара изворот, а не само да се гледаат симптомите. Тоа не значи дека Кинезите се имуни на дебелина. Статистиката кажува дека во 2002 година во Кина имало 70 милиони дебели луѓе, а тој број се зголемува. Тие сметаат дека причината лежи во се поголемото присуство и продор на западната храна која е многу покалорична и поразлична од азиската.

храна

Во кинеската традиционална медицина постојат различни дијагнози за тоа како дошло до прекумерна тежина. Како причина се смета незвозможноста на  организмот да ја апсорбира и транспортира храната како што треба.

Така што без разлика колку количински јадете и колку е храната квалитетна, после оброкот сте уморни и многу брзо огладнувате бидејќи вашето тело не добива доволно нутриенти од храната.  Тоа е една од причините за отежнување на процесот на слабеење.

Слушајте го телото што ви кажува бидејќи и потребата за храна која се чувствува, може да ви каже какви промени ви се случуваат во телото и што треба да се преземе.

Јадете готвена храна, исклучете го телевизорот, тргнете ги весниците, книгите и мобилниот телефон додека јадете бидејќи ви треба свесност за количината на храната што ја внесувате.

На крајот, секогаш гледајте да ја јадете кога сте гладни во пристојно време, наместо изгладнети доцна во ноќта.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.