Скриени опасности во домот

0

Кога имате мало штотуку проодено дете во домот, чувствувате одговорност да го заштитите од секоја можна опасност. Секој родител може да биди опасност и таму каде што ја нема, но дополнителна внимателност не е на одмет.

Сите сме свесни и ги знаеме основните места каде може да се повредат како остри рабови, маси, аголот на ѕидот, фиоките и вратите кога се затвораат и слично. Но, едно неодамнешно истражување каде биле сублимирани изјaвите на 100-тина мајки во кое стои дека има три скриени места на кои може вашето дете да се повреди, а вие да не бидете свесни.

Машинат за миење садови

Вратата на машината се отвора надолу што значи може лесно да по удри по главата. Штом детето ја развие подобро ја моториката, може лесно да ја отвори да стигне до приборот за јадење како ножеви и вилушки со кои може да се повреди. Уште една работа е детергентот кој се користи за миење, а е лесно достапен за детето штом ја отовори вратата.

Батерии 

За жал, денес голем дел од преносните уреди во домот работат на батерии чија составна хемиска супстанца е опасна по живот. Во никој случај не му дозволувајте на детето да игра со далечинскиот управувач за телевизорот, за клима уредот и други уреди кои работат на батерии. Дури не е препорачливо да си игра само со играчки кои се на батерии и испуштаат звук.

Течност за чистење на усната празнина 

Оваа течност ја користат возрасните и никоако не смее да стигне до децата. Содржи големо количество на алкохол во себе чија намена е да ја дезинфикува устата.

Ова се трите работи околу се согласиле голем дел од мајките. Но, тие на листата ги навеле и стандарните опасности како кремите во домот, блажните марамчиња, таблети, незаштитени штекери, полначи за батерии за преносни уреди, прибор за шиење и многу други работи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот