СКОПСКИ САЕМ И ТЕХНОМА НА НОВА ЛОКАЦИЈА

0

Од 25. до 29. октомври, ќе се одвива Меѓународниот саем ТЕХНОМА 2017 кој веќе 43 години претставува успешен деловен настан специјализиран за прeтстaвницитe нa гoлeмитe, средните и малите дoмaшни и стрaнски прoизвoдитeли вo oблaстa нa мeтaлургиjaтa, eлeктрoтeхникaтa, енергетиката, нeмeтaлитe, грaдeжништвoтo, обезбедување и заштита. ТЕХНОМА во организација на Скопски саем е високо почитуван саем кој уште од 1997 година како саемска манифестација е членка на УФИ (Унија на меѓународни саем) чие главно седиште е Париз.

Скопски саем е единствена специјализирана компанија со долга традиција на одржување на саемски манифестации и продолжува со своите активности и во иднина.

ТЕХНОМА како бренд постои веќе четири децении каде претставнците на домашни и странски производители од областа на металургијата, електротехниката, енергетиката, неметалите, градежништвото, обезбедување и заштита ги претставуваат и промовираат своите иновативни и ефикасни производи и методи. Воедно, на саемот ТЕХНОМА се претставуваат националните економии на многу земји, покраини и региони и со цел зголемување на соработката се организираат разни стручни програми и Б2Б средби. Имајќи го во предвид нивото на иновативноста кое се претставува и бројните бизнис можности ТЕХНОМА е посетен од десетици илјади посетители од различни сфери на интерес

Официјалното отворање на ТЕХНОМА 2017 е на 25.10.2016 (среда) во 11.00 часот во ВИП Арена „Борис Трајковски“.

Работното време на саемот е од 10.00-19.00 часот, цената на редовната влезница изнесува 50 денари, а за организирани групни посети влезницата чини 30 денари.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.