Скопје трча 10КМ дебитираше на булевар Илинден

0

Околу 900 натпреварувачи го исполнија булевар „Илинден“ за Скопје трча 10КМ (Skopje Run 10K). Атмосферата беше исполнета со радост, забава и фер натпревар кој дефинитивно го одбележа спортскиот начин на живеење во Скопје.

Сакам да упатам честитки за одличната организација на уличната трка на 10 километри – Скопје Трча. Имавме околу 15 земји учеснички и околу 900 натпреварувачи. Ова е уште еден настан кој ја збогатува нашата спортска агенда и овозможува дополнително да се афирмира трчањето во нашата држава. Како Агенција за млади и спорт ќе продолжиме и во претстојниот период да ги поддржуваме овие настани од секој аспект. Целта е да ги развиваме здравите навики кај младите, кај сите граѓани. Трчаме за развој на спортскиот дух, за подобро здравје.“, порача Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Како поминуваат годините сè повеќе и повеќе луѓе вежбаат, трчаат и практикуваат спорт во Скопје. Тие полека ги удираат темелите на здравиот живот и ги поттикнуваат младите генерации да се фокусираат на овој екстремно важен сегмент. Скопје трча 10КМ ќе стане традиционална трка и препознатлив настан за Скопје и Македонија кој во следните години сигурно ќе привлекува голем број на странски учесници. Многу ни е драго што оваа култура зема ваков замав и затоа сме пресреќни што ја имаме можноста и поддршката од бројни институции, организации и приватни компании кои нè подржуваат“, истакна Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопскиот маратон.

Прекрасната атмосфера и презадоволните учесници ни даваат додатна мотивација да организираме трки од ваков карактер. Тие се презадоволни од манифестација која има ваков рекреативен начин им овозможува да се забавуваат и да се исполнуваат со позитивна енергија. Денешната трка покажа колку е важен спортот во Скопје и Македонија и моја претпоставка е дека следната година ќе има околу 2.000 учесници.“, рече Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Скопје.

На Скопје трча 10КМ во машката трката од 10 километри прв заврши Дарио Ивановски со 30:55 минути, втор беше Муса Хајдари со 32:28 минути, трет беше Атанас Анчевски со 33:48 минути. Од женските прва беше Греса Бакрачи, со 40:04 минути, второто место го зеде Весна Кираџиева со 41:32 минути и на третото место заврши Биљана Кираџиева со 43:14 минути. Воедно, и 4то и 5то место земаа награди.

Од штафетната трка најдобри беа 091 RUNCRW со 37:20 минути, по нив Pat & Mat со 37:21 минути и трети завршија Liria со 38:24 минути.

По трката и на првите три според категорија на возраст од 35 до 44 години, од 45 до 54 години и над 55 години им беа доделени дипломи. Воедно, спонзорите на Скопје трча 10КМ во лотарија доделија подароци на сите кои беа избрани по случаен пат.

Сите учесници по трката може да ги симнат своите фотографии од http://skopje.run преку специјалната апликација Pic2Go.

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб Работнички и Атлетската федерација на Македонија и тие очекуваат Скопје трча 10КМ да прерасне во традиционален настан.

Генерален покровител на Скопје трча 10КМ е Агенција за млади и спорт, помогната од официјалните партнери и спонзори. Оваа трка е дел од календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската атлетска асоцијација (ЕАА), а од следната година предвидено е да стане член на Меѓународната асоцијација на маратони и улични трки (АИМС).

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.