Скапоцен новитет во новата мирисна композиција на Acqua di Parma

0

Свежа, цитрусна Colonia нота која е споена со кремаста сандаловина со што се создава изненадувачки и интригантен мирис. Оригинална реинтерпретација на иконскиот Acqua di Parma парфем, Colonia Sandalo е новиот и луксузен Eau de Cologne Concentrée od Acqua di Parma.

Мирисот ја задржува целата традиција на Colonia, воведувајќи елемент на изненадување низ хармонични контрасти. Сончева ведрина на цитрусно овошје и рафинирано богатство на ова драгоцено дрво од Источна Азија, комбинирано да создаде софистициран и интензивен Eau de Cologne Concentrée.

Се чувствуваат совршено избалансирани ноти на свежина, префинети ноти на бергамот, лимон, портокал и petit-grain кои го откриваат автентичниот дух на Colonie и се развиваат во цврста мирисна композиција на нота од кардамон и лаванда, пуштени во ароматично, елегантно срце.

Беспрекорен вовед во оригиналната елеганција на почетокот, каде совршената кремасто балсамична нота на индиска сандаловина ја засилуваат нотите на тонка грав и амбер.

Colonia Sandalo е спакуван во иконското Art Deco шишенце во боите кои ја следат целата колекција: темно кафено шишенце направено од најчистото стакло, со светло бронзени сатенски букви искористени за етикетата.

Секој детал, материјал и изработка, се дел од Италијанската култура која се гледа во секоја Acqua di Parma креација. жж Colonia Sandalo доаѓа во две милилитражи: класична 100мл и поголема, спектакуларна амбалажа од 180 мл.

Овие величини се спакувани во рачно изработени кутии од фина хартија. Бронзениот сатен кој ја збогатува внатрешноста на кутијата е поставен внимателно, минималистички и прецизно.

Софистициран дизајн во Acqua di Parma стил.

Карактеристики на Индиска сандаловина

Есенцијалното масло од сандаловина кое се користи повеќе од 4000 години, а се добива од Сандаловино дрво кое отсекогаш расте во Индискиот подконтинент.

Благодарение на извонредната можност на отпор од нападот од термитите, дрвото од сандаловина се смета за заштитено дрво во Индија, а постои и верување дека мирисот на дрвото ги одбива злите сили.

Според Индиските мудреци, суштина на ова мистично и сензуално дрво е дека го смирува умот и допира до длабоките деловите во умот при медитација. Во ароматерапијата, мирисот на сандаловина се користи за смирување, да ја опушти тензијата и полесно да се најде душевниот мир.

Драгоцени материјал за изработка на предмети од дрво, сандаловината се користела илјада години за изработка на музички инструменти, праќајќи мелодии низ ветерот заедно со мирис и балзамични ноти.

Есенцијалното масло од сандаловина стана екстремно вредна состојка на луксузните парфимерии благодарејќи на својата способност да му додаде на секој парфем непогрешлива балзамична, кремаста нота.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.