Сивири – местото со незаборавни зајдисонца

0

Уште една летна дестинација, која последниве неколку години е вистински хит – Сивири, Грција.

Местото е идеално за фамилијарни луѓе, бидејќи има голема плажа со ситен песок, азурно море, каде што може комплетно да се релаксирате.

Сивири е мало место кое се наоѓа на западниот дел на Касандра, околу 80 км од Солун со популација од 500 жители. Важи за рибарско место, а како и секое друго туристичко место, нуди одлични услови за морски туризирам.

Има многу таверни, барови на плажа, пекарници, супермаркети, кафе барови за вечерни дружби.

Една од најубавите работи во Сивири се зајдисонцата кои имаат црвено – пурпурна боја.Популарно е по античкиот амфитеатар, но и по музичкиот фестивал Касандра кој се одржува секоја година.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.