Ситуации кои можеле да бидат полоши

0

Во текот на животот, по некое непишано правило, често се соочуваме со ситуации кои ни на крај памет не ни паѓале, ситуаци во кои посакуваме од срам да нè голтне Земјата, ситуации во кои Марфи се појавува толку ненајавено. Знаете ли дека големина на човекот е токму кога ќе се најде во непријатна ситуација е да помисли дека и не е сè така црно бидејќи ситуацијата можела да биде и полоша.

Триесет и шест годишната Елена се присетува на денот кога за првпат го поканила нејзиниот шеф и неговата сопруга на ручек во нејзиниот дом.

„Сè беше супер. Ручевме, јаедењето излезе баш по рецептот, мојот шеф и мојот сопруг најдоа еден куп заеднички теми за разговор, неговата сопруга ми го пофали колачот, кога наеднаш од нигде никаде, мојот син кој тогаш имаше 6 годинки и кој до пред само неколку минутки си играше со автомобилчиња на подот, се појави на вратата од трпезаријата, целиот завиткан во тоалетна хартија и дерејќи се дека е мумија и дека мајка му го натерала да биде мумија. Не знаев дека еден цртан филм со египетските мумии кој го гледаше пред три месеци се уште му останал во сеќавање. И додека моите гости слатко се смееја, јас црвенеев од срам.“

d2d84214-e9d0-4240-b229-888efe598bfd

Драга Елена, еве да ти кажеме. Ситуацијата воопшто не била страшна… Замисли твојот син наместо со тоалетната хартија да се појавеше со хигиенски влошки или пак да ја расфрлаше низ дневната хартијата која завршила во корпата за отпадоци…

Елена не доби отказ. Нејзиниот шеф секогаш купува роденденски подарок за нејзиниот син.

Двесет и девет годиншата Сања се уште не може да го заборави првиот состанок со нејзиниот сопруг, но не го памти по нешто убаво. Речиси била пред ресторанот во кој тој ја чекал кога наеднаш и се скршила потпетицата. Застанала на неколку метри под ресторанот, но во близина немало ниту една продавница од која би можела да купи лепак. За да се врати до дома би и бил потребен цел час. Кривејќи, сепак влегла во ресторанот и цела вечер црвенеела.

796ea516-9150-452b-bcb7-f84823fc97c9

А замисли Сања, тетката која живее во станот над ресторанот баш тогаш да чистеше нешто и да те полиеше со кофа вода? Дали тогаш би влегла во ресторанот?

Сања сепак излезе на втор состанок со момчето. И на трет. По една година, веќе го носеше неговото презиме.

Така што, секогаш кога ќе ви се случи нешто незгодно, не се грижете. Секое чудо за три дена! Ниту една ситуација која ве тера да црвенеете не е крај на светот! Главата горе! Прифатете ги непредвидливите ситуации релаксирано, со насмевка. Направете шега на своја сметка. Сетете се дека можело да биде и полошо.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.