„Сите возрасни некогаш биле деца… но само малку се сеќаваат.“ – „Малиот принц“

0

Сите ќе се сложиме дека кога бевме деца можеби и не разбиравме што сакал да каже Сент Егзипери со приказната за малиот принц, но читајќи ја денес, многу подобро ги разбираме неговите пораки.

Затоа одбравме некои од најубавите цитати од оваа книга.

„Сите возрасни некогаш биле деца… но само малку се сеќаваат.“

„Ако сакам да видам пеперутки, треба да отворам две-три гасеници”

„Ако сакаш еден цвет што постои само во еден примерок меѓу милиони и милиони ѕвезди, тоа ти доаѓа, за да си среќен, кога ги гледаш ѕвездите. Си мислиш: „Мојот цвет е таму некаде.”

„Времето што си го изгубил за твојата роза, ја прави толку важна”.

„Еве ја мојата тајна. Многу е едноставна: вистински се гледа само со срцето. Суштината е невидлива за очите.”

„Многу е потешко да си судиш сам себе, отколку да им судиш другите. Ако можеш да си судиш себе правилно, значи ти си вистински мудрец.”

„Никогаш не ни се допаѓа таму каде што сме… Само децата знаат што бараат.”

„Ти стануваш одговорен засекогаш за она што си го скротил.”

„Тоа е толку мистериозно место, земјата на солзите.“

Ако ве инспириравме, пронајдете ја вашата копија од книгата, сигурно ја чувате некаде дома, и прочитајте ја.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.