Сите на плоштад: овој викенд забавата е во Скопје

0

Во текот на претстојните летни денови и за време на викендите Скопје продолжува со одлична забава и музика на централниот плоштад „Македонија“, како дел од проектот „Улични музичари и артисти“.

Овој петок со почеток во 20 часот свој настап ќе има „Стендбај“, поп-рок група со долгогодишно искуство, добропознат на македонската публика. „Стендбај“ изведува рок-класици и нови хитови со изменет аранжман и звук карактеристичен за групата – енергична и забавна музика. Групата има многу настапи во скопските кафулиња, па ѝ е познат на публиката. Ја соичинуваат Филип Исаков Џајо – (гитарист/пејач), Илија Трајковски – (на бас гитара), Дејан Которчевиќ – (тапани), а како пее Моника Ставревска.

standbyВ сабота „Бед инфлуенс“ во стандардниот термин (20 часот) ќе настапи на плоштадот „Македонија“. Членови на групата се: Дино Зукиќ (тапани и перскусии), Стефан Филков (вокал и ритам гитара),  Панче Захариев (бас и ритам) и Даниел Котевски (ритам и соло-гитара).

 При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар