“Сите деца се уметници. Проблемот е да се остане уметник додека се расте” -Пабло Пикасо

0

Пабло Пикасо, формално Пабло Луис Пикасо (25 октомври 1881 Малага, Шпанија – 8 април 1973Мужен, Франција) бил шпанско-француски сликар, кој се смета за еден од најголемите мајстори на уметноста во 20 век. Заедно со Жорж Брак, тој е најпознат како основач на кубизмот.

Пикасо многу се соживеа со скопската трагедија од земјотресот во 1963 година и за солидарната акција за собирање уметнички дела, тој меѓу првите се огласи, испраќајќи ја својата позната слика „Глава на жена”.

Неколку познати мисли кажани од овој голем уметник и пред се човек во вистинска смисла на зборот:

  1. “Добрите уметници копираат, одличните крадат”.
  2. “Главниот непријател на креативноста е “доброто” чувство”.
  3. “Ми беа потребни четири години да научам да цртам како Рафаел, а цел живот за да цртам како дете”.
  4. “Треба да имате идеја за она што сакате да го направите, но тоа треба да биде нејасна идеја”.
  5. “Се што може да замислите е реално”.
  6. “Потребно е многу долго време за да се постане млад”.
  7. “Сите деца се уметници. Проблемот е да се остане уметник додека се расте”.
  8. “Целта на уметноста е да ја избрише прашината на секојдневниот живот од нашите души”.
  9. “Дајте ми музеј и ќе го пополнам”.
  10. “Компјутерите се бескорисни, тие можат да ви дадат само одговори”.
  11. Мајка ми ми рече: “Ако си војник, ќе станеш генерал. Ако си монах, ќе станеш папа”. Наместо тоа, јас бев сликар, и станав Пикасо.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот