Сипкава пита со јаболка и ореви

0

Сакате нешто лесно, а слатко? Пробајте ја оваа пита со јаболка и ореви

Подлога:
125 гр меко пченично брашно тип 500
50 гр путер (добро разладен)
1 лажица шеќер
1 пакетче ванилин шеќер
1/2 пакетче лимун шеќер
1 лажиче прашок за пециво
1 лажиче ѓумбир во прав
прстофат сол
2 лажици ладна вода
1 лажица кисела павлака

Фил:
3 средно големи јаболки
сок од половина лимон
1 1/2 лажица мед
1 лажиче цимет во прав
50 гр мелени ореви

Сипкаво тесто:
3 лажици шеќер
100 гр меко брашно тип 500
50 гр добро разладен путер
50 гр мелени ореви

Најпрво се прави подлогата. Во мултипрактик или во сечко, ставете ги брашното, прашакот за пециво, солта, ванилиниот шеќер, лимон шеќерот, ѓумбирот во прав киселата павлака, водата и путерот и провртете кратко. Мешавината треба да изгледа како песок. Истурете ја на масата и со раце стиснете го песокливото тесто за да добиете топка. Завиткајте го во најлонска фолија и оставете го 30 минути во фрижидер.

Јаболката излупете ги и изрендајте ги на крупната страна на рендето. Додајте ги сокот од лимон, циметот и медот и оставете ги на страна додека јаболката не пуштат сок.

Тесто за подлогата на питата развлечете го на набрашнета површина. Ставете го преку хартија за печење во тавата за печење. Околу половина сантиметар од тестото треба да излегува од хартијата за печење за да може малку да се издигне по рабовите на садот за печење.

Јаболките исцедете ги, додајте ги мелените ореви и филот ставете го врз подлогата.

Подгответе го горното, сипкаво тесто – во мултипрактик ставете го шеќерот, брашното и путерот и кратко провртете за да добиете песокливо тесто. Додајте ги мелените ореви и со рака стискајте го тестото за да формирате мали грутчиња. Ставете го преку филот од јаболки и ореви.

Печете во претходно загреана рерна на 200 степени додека горниот слој убаво не порумени. Печената пита оставете ја да остине за да се зацврсти горниот слој.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.