Симболиката на подарување цвеќиња

0

Не мора да го чекате Осми март за да подарите цвеќе на вашите сакани дами. Дозволете вашите сакани да искусат прекрасни емоции кога ќе го здогледаат разнобојниот цветен аранжман. Но, пред да подарите цвеќе, дознајте каква симболика има секое цвеќе и кое е најпогодно за подарок на вашата сопруга, мајка, баба, сестра, пријателката која штотуку станала мајка…

250848bd-32dc-4b7f-afca-0ca194c25cf8

Ружите најчесто се подаруваат и се најраспространето цвеќе во светот. Доколку одберете црвени цветови тоа подразбира страст и љубов, но може да значи и благодарност и задоволство. Белите ружи значат невиност, чесност и искреност, а истовремено и безгрижност. Жолтите се симбол на радост и ведрина, но од друга страна поради закоравенетите традиционални верувања, значат и неверство и љубомора. Портокаловите ружи се симбол на посакување и опсесија, а пурпурните значат љубов на прв поглед. Темновиолетовите изгледаат ексцентрично и се знак на желба за посебност и издвојување, додека сините, поради вештачкиот начин на добивањето на бојата се симбол на невозможното.

fbcdd1d7-c722-42e8-89cd-90adfe9599b6

Лалињата означуваат совршена љубов. Овој елегантен и лесно препознатлив цвет е еден од најпопуларните, покрај розата, и најчесто се поврзува со Холандија, каде што за прв пат процветал во 17-от век. Со подарување на овој класичен цвет, пренесувате топлина и чувство на удобност.

Белиот крин означува убавина, класа и стил. Овој ориентален цвет е познат како доста скап и драматичен. Личноста која подарува бел крин е софистицирана и одлично ја познава личноста за која е наменет цветот.

Орхидејата е симбол на желба за успех и посебност, а поради својата ретка убавина симболизира и рафинирана убавина, романса, еротика и желба за интимност. Орхидеите им се подаруваат и на болни и на родилки, кои лежат во болница, а можат да му се дадат и на оној кому му посакувате напредок во кариерата. Некои истражувања тврдат дека во светот има 30.000 видови орхидеи.

Лилјанот е симбол на бескрајна убавина, среќа, невиност, бесмртност и спас. Често се користи на венчавките, бидејќи според библиското верување симболизира избирање на саканото суштество. Бел лилјан значи невиност, чесност и чистота, жолтиот е лага и измама, а виолетовиот враќање на среќата.

Каранфилот означува нова љубов и фасцинантност. Букет од каранфили означува срдечност. И каранфилите се чест избор за подарување цвеќе, посебно заради тоа што нивната цена е прифатлива.

c8dd2035-fd5c-4e51-abe0-30bab1689947

Ирисот, или кај нас познат како перуника, може да се најде во сина, бела или жолта боја. Во некои делови од светот, темно синиот или виолетов ирис симболизираат кралско достоинство. Но, без разлика на бојата, ирисот означува вера и надеж.

Магнолијата означува достоинство и отменост. Но ако подарите прерано процветана магнолија, тоа е знак дека поради нешто сте вознемирени и нестрпливи. Постои и верување според кое магнолиите означуваат невиност на мажите што ги подаруваат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.