Сиара го кажа судбоносто „да“ во уникатна венчаница на Роберто Кавали

0

Убавата хип-хоп пејачка Сиара вчера по втор пат го кажа судбоносното „да“ со својот партнер, Расел Вилсон. Преубавата венчавка се одржа во англискиот дворец.

Познатата пејачка им забрани на гостите користење на мобилен телефон и фотоапарат со желба нивниот ден да остане нивна приватност. Токму поради тоа не очекувајте премногу фотографии до церемонијата.

Сепак, за нејзините фанови на друштвените мрежи Сиара објави една фотографија од венчавката покажувајќи ја преубавата венчаница рачно изработена од познатата модна куќа на Роберто Кавали.
Венчаницата има роматична нота, ѕвонести, чипкани ракави и секси корсет како и раскошно здолниште.
„Веридбата на Сиара и Расел беше во март месец оваа година, а церемонијата на венчавката пред најдобрите пријатели фамилијата се одржа во англискиот дворец Peckforten Castle, во Чешир, Англија“- пренесува E!News.
Вечерта пред венчавката парот приреди вечера за фамилијата во познатиот хотел „Титаник“ каде одржија говор за нивната љубов која трае една година.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар