Си ставивте мартинка?

0

 

Во чест на месецот март и доаѓањето на пролетта во земјава се носат црвено-бели мартинки направени од конец, кои се ставаат на рака, во косата или како брош на реверите.

Генерално, мартинките секогаш се прават од конци со црвена и бела боја меѓусебно испреплетени. Белата боја од конецот се сметала за чистота и искреност, а црвената за симбол на светлина и љубов. Традиционалната мартинка се носи на левата рака или на облеката сè додека расцвета првото дрво. Потоа се закачува на дрво со желби за здравје за себе и за добро здравје на своите најблиски.

7104d872-9481-4a8f-aa5c-eff228b060a8

Има и едно друго верување, дека мартинката се носи на рака сѐ додека нејзиниот сопственик не види штрк. Кога ќе го здогледа, си замислува желба и црвено-белиот конец го закачува на дрво. А ако нема штрк, тогаш мартинката се става под камен или под перница и се замислува желба.

Испреплетени една со друга, како ДНК, мартинките симболизираат љубов и плодност.

ba861bc3-7e03-41c6-9b80-59670edd83d4

Според древната митологија, мартинките потекнуваат од Македонците во чест на божицата Ксантија. Во македонската митологија Ксантија била божица на цвеќињата, во која бил вљубен богот Македон. Кога злите сили ја претвориле во цвет, тој секоја пролет ја барал саканата низ ливадите и полињата и во цветните градини. Во чест на оваа необична и несреќна љубов, Македонците првиот пролетен месец го нарекле Ксант и на првиот ден од месецот Ксант ставале испреплетени бели и црвени конци на рацете во чест на прекрасната божица.

e67af300-3e27-4b50-a50d-ab49f50f636d c8fa7339-cd39-4388-846b-e0faf7366038

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.