„ШВАЈЦАРИЈА НА БАЛКАНИТЕ“ НОВ РОМАН ОД ДРАГИ МИХАЈЛОВСКИ

0

Најновиот роман на Драги Михајловски „Швајцариja на балканите“ (Издание на Матица македонска) е ново прозно остварување на Драги Михајловски во кое авторот навлегува во сферата на можното-односно на утописката литература. Возбудливо напишан роман, убаво структуиран со завршна поента во која авторот се навраќа на своето пишување, својата естетика, своето писателско вјерују и кажува дека сè што научил во животот е да пишува, односно да живее еден паралелен живот полн со возбуди што можеби никогаш не се случиле и нема да се случат во блиска иднина.

Романот „Швајцарија на Балканите“ е богата ризница на чистиот македонски јазик, танц на умот меѓу избраните зборови, постигната смисла на секоја реченица што претендира да биде дел од оваа многу креативна и врвна лексичка пирамида,констатира Раде Силјан во препораката на најновото романескно остварување на познатиот македонски писател.

Драги Михајловски (Битола, 1951), раскажувач, романсиер, преведувач. Автор е на книгите раскази:„Речно улиште“ (1981), „Ѓон“ (1990), „Скок со стап“ (1994), „Триполската капија“ (1999), „Раскази од шести кат“ (2003); на романите „Пророкот од Дискантрија“ (2001), „Смртта на дијакот“ (2002), „Бајазит и Оливера“(2003) , „Мојот Скендербеј“ (2006) и „Должници“ (2015), на книгите за деца и млади „Волшебното котле“ (1995) и „Сиромавиот и чучурлигата“ (2000). Негови дела се преведувани на англиски, француски, германски, руски, српски, хрватски, словенечки, албански, турски, бугарски, унгарски.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.