Штосот е во деталите оваа есен-зима

0

Секоја година па и оваа, есенско-зимскиот период го одбележуваат различни или слични парчиња модни додатоци од минатата година. Според повеќето дизјанери штосот на аутфитот се крие во деталите.
Колку и да изгледа вашата гардероба едноставна, пар добри чевли, уникатна форма на чанта и шал од вештачко крзно веднаш го менуваат впечатокот. Токму на тоа и мислат дизајнерите и познатите стилисти.
Не е потребно да бирате парчиња со шарени бои ако мислите дека еднобојноста е досадна на изглед. Крајниот резултат секогаш може да го остварите со оние модни додатоци кои ви се допаѓаат или пак ако ги следите сите модни сличувања и сте обожаватели на трендот тогаш ориентирајте се според тоа.
Ни претстои период на дожд и студ, но тоа не претставува пречка за да изгледате модерно. Модните додатоци кои ќе го одбележат овој период се повторно пончо шаловите, кусите елечиња од крзно и реси, крзнените шалови, малите чанти во форма на коцка, а секако не ги изоставме и големите. Есента и зимата не би имале никаков печат ако некоја уникатна форма на шешири и капи не ја достигне својата популарност. И оваа година од дома не излeгуваме без шешир. Високите потпетици дизајнирани до колена или пак ниските мокасни се вистински хит и во студените денови. Но, патиките кои почнаа се почесто да се комбинираат и со спортско елегантниот изглед не заостануваат по нив. Односно, модата со патиките ја достигна својата кулминација изминатата година, но прво појавувајќи се на ревијата на модната куќа Шанел.

Повторно се во мода многу дезени но и монохроматски комбинации пред прагот на студот.
Погледнете ја галеријата што ја издвоивме за вас.
1.

2

3

4.

5

6

7

 

9 (1)

10

 

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21 22

23

24

25

 

27

28

29

30

31

32

33