Што значат најчестите кошмари на луѓето

0

Кошмарите, како и обичните соништа имаат свое значење…

Едно истражување работело на сублимирање на најчестите кошмари на луѓето и тимот се обидел да даде објаснување за нивното значење. Интересен податок е дека мажите најчето имаат насилни соништа, а жените сонуваат дека губат драга личност. Причината за кошмарите не е секогаш стравот на луѓето, туку може да станува збор и за други емоции како чувство на вина, тага, гадење или збунетост…

Во контекст на ова аналитичарката на соништа Лара Квин за магазинот Elle дава објанување на некои од најчестите соништа:

Паѓање на забите

Овој сон е поврзан со комуникациските проблеми во реалниот живот. Постојат повеќе верзии за соништата врзани со забите, но овој каде испаѓаат е еден од најчестите. Сè што во сонот има врска со устата е поврзано со разговор, а паѓањето на забите значи дека сте кажале нешто што не требало или не сте смееле.

Смрт и погреб на блиска личност

Смртта во соништата обично се симбол за промена и крај. Ако сонувате нешто вакво, запрашајте се што е тоа што се менува во вашиот живот и што е тоа на кое му се гледа крајот. Погребот е добар знак – помирување и продолжување понатаму.

Соништа во кои паѓате во амбис

Овие соништа се едни од најчестите, а индицираат на некоја работа во реалниот живот која што ве влече надолу. Сонот е честа појава кај луѓето што страдаат од депресија, а може да биде знак за тешка психичка ситуација за која треба да се подготовите.

Инцестоидни соништа

Овие тематики немаат врска со реалноста, односно сексот во соништата не ја прикажува будната страна на животот. Во сонот тоа означува зголемување на блискоста.

Викање без глас

Сонувате дека сакате да викате, но никако не можете да го сторите тоа или пак отворате уста, викате, но гласот не излегува. Тоа е симбол на чувството на подреденост и несфатеност во реалниот живот. Сакате да изразите нешто, но тој што треба да ве слушне не сака да ве сфати.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.