Што заслужува секое дете

0

Нема учебник од кој ќе научиме како да сме успешни родители. Впрочем, во зависност од човек до човек и од култура до култура, секогаш е дискутабилно што сѐ треба да знае и да направи еден родител. Но, постојат неколку нешта кои секој родител треба да му ги даде на своето дете.

Време и внимание

Родителите се должни да го стават детето на прво место во животот. Со тоа што редовно ќе му го укажуваат потребното внимание, ќе му покажат дека тоа им е важно и дека е сакано.

Прифаќање

Добриот родител секогаш го прифаќа тоа што детето му го кажува, без разлика дали се сложува со тоа. Личноста на детето мора да биде почитувана. Родителот мора да прифати дека неговото дете има свои мисли, кои во неговиот детски свет имаат своја логика, иако од аспект на возрасен човек тоа може да изгледа поинаку.

Допири и прегратки

Еден од најбинтите фактори за постигнување на топла емоционална клима во која детето ќе ја развива својата личност, е во квалитетниот физички контакт. Редовните прегратки му ја покажуваат љубовта и поддршката која му се нуди.

07365a04-c58b-46f5-af0d-817f5beb5f95

Емпатија и разбирање 

За да имаат среќно детство, а подоцна и среќни зрели години од животот, децата треба да се почувствуваат разбрани. Родителот треба постојано да се обидува да го разбере детето што тоа сака да му каже, дури и кога тоа има тешкотии со изразувањето на мислите и чувствата.

Доверба 

На детето му е потребно да му биде укажана доверба да ги изврши задачите кои одговараат на неговата возраст. Кога родителот прекумерно се обидува да му угоди, така што тој за него ќе врши одредени задачи, детето ќе се почувствува неспособно и ќе има проблем со исполнување на задачите во зрелите години.

Слобода 

Добриот родител овозможува физичка, ментална и емоционална слобода за своето дете. Мајката и таткото му овозможуваат да има сопствен простор и приватност и му дозволуваат слободно да си ги искаже мислите и чувствата. Детето не смее да се плаши од скратување на овие слободи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот