Што всушност претставува бранч?

0

Последниве години се повеќе станува актуелно неофицијалното собирање на бранч. Луѓето најчесто се сретнуваат за викенд, кога имаат повеќе време и кога се порелаксирани.

Но, што всушност претставува бранчот?

Бранч  е оброк кој се јаде доцна изутрина, помеѓу појадокот и малиот ручек, како замена за двата оброка. Најчесто се јаде кога некој станува подоцна и кога го испуштил појадокот. Но, не е исклучено да биде и посебно планиран оброк.

brunch__1467489562_31.11.66.84

Потеклото на самиот збор е  е од англискиот термин “brunch”, што претставува кованица од breakfast и lunch.

Бранчот е поопуштен оброк од појадокот или малиот ручек и затоа се смета соодветен за помали прослави.

Рестораните и хотелите служат бранч и тоа најчесто се случува за викенди и слободни денови. Таквите бранчови обично се со шведска маса, но има и однапред подготвени бранч мениа код кои може да се нарача.

Оброкот се состои од јајца, палачинки, виршли, сланина, шунка, овошје, печива и слично.

brunch-z__1467489609_31.11.66.84

Ова е убава идеја за средба со пријатели и во сопствениот дом, доколку не сте расположени да излегувате од дома. Поканете ги на неделен бранч. Тие ќе се чувствуваат посебно, а вие убаво оти се одличен домаќин кој знае како да се погрижи за гостите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.