Што ви премолчува вашиот фризер?

0

Одите на фризер и сакате да направите нешто со вашата коса, притоа целосно верувајќи му. Меѓутоа, и тие си имаат свои тајни кои ретко или воопшто не ги делат со клиентите. Што е она што тие нема да ви го кажат?

Кратењето на косата не значи дека таа побрзо ќе порасне

Ослободувањето од оштетените краеви не влијае директно врз растот на косата. Фоликулите се тие што одредуваат колку брзо ќе порасне таа, а шишањето само ја одржува здрава во текот на растењето.

Можете да го прескокнете шишањето

Наместо да ја кратите косата на 3-4 недели, почекајте до шестата или осмата недела. Косата почнува да изгледа оштетено после 3-4 месеци без потстрижување.

Не ја мијте косата со шампон пред да одите на фризер

Косата секако ќе морате да ја измиете по посетата на фризер, така што нема потреба и претходно да го направите тоа.

Кратката коса бара многу нега

Кратката коса не значи и помалку грижи. Таа бара многу одржување, нега и почеста посета на фризерски салон за да го задржи нејзиниот облик и стил.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот