Што велат родителите, а што слушаат децата?

0

Кога родителите разговараат со детето, тие често не размислуваат за тоа што точно детето слуша.

Вообичаените изјави како Немој да одиш таму“ или Не го допирај тоа“ за детето може да пренесе порака ”Целиот свет е опасен”

Како да му давате информација на детето за тоа правилно да ве разбере?

Во прилог погледнете неколку примери и совети за полесна комуникација со детето:

1. Родителот вели:
Внимавај – ќе паднеш.“ / Не го допирај кучето – ќе те касне.“

Детето слуша:
Светот е опасно место, подобро воопшто да не правиш ништо.“

Затоа обидете се вака:
Биди внимателен.“ / Чувај се.“

2. Родителот вели:
Не плачи.“ / Не викај.“ / Не се смеј.“ / Не се лигави.“

Детето слуша:
Не ги изразувај своите емоции.“

Затоа обидете се вака:
Веројатно си уморен, но не е во ред да плачеш доколку нема причина за тоа.“

Дали се исплаши од нешто?“

(обидете се да ги разберете емоциите на детето)

3. Родителот вели:
Колку пати морам да ти повторам?“

Детето слуша:
Ти си глупав, ти си губитник.“

Затоа обидете се вака:
Сигурно ќе успееш, обиди се уште еднаш. Ако сакаш, можам да ти помогнам.“

4. Родителот вели:
Машките не треба да се плашат.“ / Девојчињата треба да бидат послушни.“

Детето слуша:
Машките немаат право на емоции.“ / Женското е секогаш жртва.“

Затоа обидете се вака:
Зошто си вознемирен?“ /
Зошто си лут?“ / Во ред е да го чувствуваш тоа што го чувствуваш.“

5. Родителот вели:
Како не ти е срам?“

Детето слуша:
Ти си лош, со тебе нешто не е во ред.“

Затоа обидете се вака:
Сите ние грешиме. Грешката е чекор кон учењето.“

6. Родителот вели:
Погледни како тој/таа го прави тоа одлично. А ти?“

Детето слуша:
Ти си полош од другите.“

Затоа обидете се вака:
Те сакам и покрај твоите маани, но треба да се потрудиш да ги извршуваш задачите подобро – за твое добро.“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.