Што требаше да ве научат мајките?

0

Велат дека ќерките како што растат така се повеќе личат на мајките и го имаат нивниот карактер и став во животот, а машките го преземаат ставот на таткото. Дефиниција која можеби некогаш била вистинита, но дали се уште важи за денешно време, не се знае или пак не баш црно-бела како што било порано.

Фактот кој со сигурност го знаеме е дека децата учат од двајцата родители, учат за брачните односи од нивната меѓусебна (не)грижа. Ако е исполнет со љубов тогаш тие ќе се однесуваат на истиот начин со партнерите, ако  пак обратна ситуацијата тогаш тој пример ќе го имаат во животот, што не значи дека не е подложен на промени, само ќе биде малку потешко.

Уште една вистина е дека мајките се тие кои поголем дел од времето се со децата, им се посветуваат максимално и ги учат за животот.

adult-daughter-mother

Што требаше да ве научат мајките се однесува и на момчињата, но и на ќерките.

Требаше да ве научат дека растењето не е лесно

Требаше да ве научат дека се во животот има своја цена

Требаше да ве научат дека за важните работи треба да се борите

Требаше да ве научат дека се е возможно само е потребно време и работа

Требаше да ве научат дека работите направени со љубов имаат поголема вредност

Требаше да ве научат дека не треба да ве опива вчерашниот успех, туку да ве мотивира да го надминете следниот ден

Требаше да ве научат да го почитувате партнерот

Требаше да ве научат гребаницата на коленото од детството е потсетник дека кога ќе паднеш во животот, мора да станеш и да продолжиш понатаму иако боли

Требаше да ве научат дека материјалните работи немаат вредност

Требаше да ве научат дека во животот ќе имате само неколку добри луѓе околу себе

Требаше да ве научат дека никогаш не треба да плачете над скршените работи

Требаше да ве научат дека на крајот од денот е најважно да бидеш човек

Требаше да ве научат да не се плашите да  кажете “те сакам”

Требаше да ве научат дека животот е еден и не треба да се зема здраво за готово

Требаше….

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот